Објавен вториот дел од Конкурсот за доделување средства на субјекти кои реализираат програми од јавен интерес во областа на спортот

Агенцијата за млади и спорт го објави Конкурсот за доделување средства на субјекти кои реализираат програми од јавен интерес во областа на спортот.
Конкурсот ќе трае до 09.05.2016 година до 16.30 часот.
На Конкурсот учество може да земат субјектите кои ги исполнуваат условите, односно Националните спортски федерации.
Сите заинтересирани страни кои ги исполнуваат критериумите може да ги достават апликациите на адресата на Агенцијата за млади и спорт.
ул: „Македонија“, бр.38 (Палата „Панко Брашнаров“) 1000 Скопје со назнака : ЗА „КОНКУРС 2016 “
Инаку, Конкурсот беше објавен во празничниот број на дневниот весник ДНЕВНИК.








