Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Вклучете се во „Европската недела на спорт”

Вклучете се во „Европската недела на спорт”

„Европска недела на спортот” е проект на Европска Унија, во...

Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

Поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на...

Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

Агенцијата за млади и спорт во делот на активности за млади, како и секоја...

Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

Од 24-30 мај во Лимасол, Кипар ќе се одржи Европско првенство во Самбо...

Каратистите на Европско во Пореч

Каратистите на Европско во Пореч

Сениорската карате репрезентација ќе учествува на Европско карате првенство...

  • Вклучете се во „Европската недела на спорт”

    Вклучете се во „Европската недела на спорт”

  • Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

    Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

  • Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

    Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

  • Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

    Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

  • Каратистите на Европско во Пореч

    Каратистите на Европско во Пореч

Печати

Прес конференција за регионална канцеларија за меѓународна соработка за западен Балкан

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams mladi ns web 2

Француско-Германската канцеларија за млади и Агенцијата за млади и спорт одржаа прес конференција која се одржа во среда, 04.05.2016 г. во 11:15 ч. во просториите на Францускиот Институт Скопје за процесот на воспоставување на Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан.

На настанот свое обраќање имаа  амбасадор на Германија -  Христине Алтхаузер, Директорот на Агенцијата за млади и спорт -  Марјан Спасески, Министерот за образование и наука – Пишар Луфтиу, Специјален претставник на Француско-Германската канцеларија за млади за ЈИЕ – Франк Моравиец.

Pегионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан е регионална иницијатива која има за цел формирање на меѓународна организација со промовирање на соработката и помирувањето меѓу младите во регионот на Западен Балкан.Овој процес беше фасилитиран од Француско-Германската канцеларија за млади.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески истакна дека со номинацијата на претставник во Регионалната работна група, Агенцијата за млади и спорт ја изрази својата поддршка на овој процес, но и ги вложи своите напори во креирањето на документите кои се резултат од овој повеќемесечен процес,  а кои се однесуваат на мисијата, структурата, финансиите и активностите на оваа канцеларија.

Тој ја спомена и формираната работна група која вклучува преставници на институции, граѓански организации, средни училишта и високообразовни институции а чија цел беше со своето искуство и експертиза да овозможи помош и поддршка во процесот на формирање на Регионалната канцеларија за младинска соработка на регионално ниво.

Тој дополнително истакна дека оваа канцеларија ќе претставува институционален механизам за соработка која ќе се базира на принципите на мир, доверба, меѓусебно почитување, солидарност и толеранција и истата веруваме дека ќе придонесе за инклузивен пристап на младински размени и иновативни регионални проекти.

Младите луѓе се носители на промените, на позитивните промени во нашите општества и тие се оние кои со помош на оваа канцеларија ќе придонесат во крајна линија кон подобрување на односите и засилена соработка меѓу шесте држави.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија