Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

“Стоп на пороците кај младата популација”

“Стоп на пороците кај младата популација”

Агенцијата за млади и спорт продолжува со имплементацијата на Проектот...

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

По повод отпочнувањето на процесот за креирање на Законот за млади, вчера...

Соопштение

Соопштение

Агенцијата за млади и спорт за прв пат аплицираше за проект во Европската...

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Денеска, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски оствари...

  • “Стоп на пороците кај младата популација”

    “Стоп на пороците кај младата популација”

  • Одржан прв јавен настан за Закон за млади

    Одржан прв јавен настан за Закон за млади

  • Соопштение

    Соопштение

  • Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

    Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Печати

Започна реконструкцијата на спортската сала во Велгошти, Охрид

вклучено . Објавено во Соопштенија

Започна реконструкцијата на спортската сала во Велгошти Охридско

Сите превзмемени активности на Агенцијата за млади и спорт во изминатиот период одеа во насока на обезбедување потребна документација за започнување на реконструкцијата на спортската сала. Агенцијата за млади и спорт ја информира јавноста дека се започнати активностите за целосна реконструкција и добивање нов изглед на спортската сала. Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт обезбеди 20 милиони денари наменети за реконструкција на спортската сала во охридското село Велгошти.Објектот ќе биде целосно опремен со високо квалитетна спортска опрема и реквизити и тоа за повеќе спортови фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, тенис, гимнастика, која ќе биде од голема корист на локалното население, децата пред се, а се разбира и клубовите и спортските рекреативци.  Оваа спортска сала ќе им помогне на многу млади таленти, студенти и идни спортски работници тука да го завијат својот талент и своите можности и во иднина да се вклучат во професионалниот спорт во Република Македонија.

Директорот Лазар Поповски во јулската посета на спортската сала потврди дека Агенцијата за млади и спорт што и да започне мора да го заврши.

Ние како Агенција за Млади и Спорт имаме едно правило кое што вели дека се што сме започнале мора да завршиме, досега за овој обејкт  бев запознаен преку разно разни судски одлуки и решенија, барање за легализација, барање за одобрение за градба, цртежи слики , меѓутоа бев и редовно информиран од страна на пратникот Николовски за сите случувања но и за важноста на овој објект за Велгоштани. АМС во изминатата година преку буџетот на Влада на РМ изгради фудбалски терени, спортски сали чиј број наближуваа накај 45 , како  и 145 сали од Министерството за образование што се градат на територијата на Македонија, Сите овие подтаоци доволно говорат дека и во услови на европска и светска криза, вложувањата во спортската инфрастаструктура не застануваат. Знаеме дека секој денар вложен во спортот е заштеда од седум денари во фондот за здравство  на Македонија – заврши Директорот Лазар Поповски.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија