Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

“Стоп на пороците кај младата популација”

“Стоп на пороците кај младата популација”

Агенцијата за млади и спорт продолжува со имплементацијата на Проектот...

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

По повод отпочнувањето на процесот за креирање на Законот за млади, вчера...

Соопштение

Соопштение

Агенцијата за млади и спорт за прв пат аплицираше за проект во Европската...

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Денеска, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски оствари...

  • “Стоп на пороците кај младата популација”

    “Стоп на пороците кај младата популација”

  • Одржан прв јавен настан за Закон за млади

    Одржан прв јавен настан за Закон за млади

  • Соопштение

    Соопштение

  • Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

    Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Печати

Интервју со Индира Кастратовиќ, поранешен капитен на женската ракометна репрезентација и тренер на ЖРК Вардар

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Интервју со Индира Кастратовиќ, поранешен капитен на женската ракометна репрезентација и тренер на ЖРК Вардар

Кастратовиќ: Да се биде професионален спортист го сметам за привилегија бидејќи тоа се едни од ретките луѓе кои го работат од се срце она што го сакаат и од тоа заработуваат.

Спортистот се гради преку натпреварувањето, затоа турнирите се најбитниот дел од креирањето на спортистот. Потребно е да создадеме повеќе клубови, кои ќе бидат финансирани од јаки спонзори, доколку сакаме врвни спортисти кои ќе се истакнуваат преку квалитетни лиги- вели Кастратовиќ

Женскиот ракомет на времето додека Вие игравте беше најразвиениот спорт во Македонија. На кое ниво е според Вас денес ракометот, дали ги следите младите?

Кастратовиќ: Да, тогаш женскиот ракомет беше гордоста на Македонија. Сега доаѓаме до една фаза кога тој е во застој. Сега имаме само два активни женски тима, Вардар и Металург, но два тима не се доволни за да имаме квалитетна лига. Секојдневно од 2003 година па до денеска сум инволвирана во следењето на младите бидејќи имам свое ракометно училиште и ги следам сите категории на младинци.

Што треба да се направи, според Вас за да почнеме да доживуваме подем на женскиот ракомет?

Кастратовиќ: Најпрво ни се потребни луѓе кои ќе го сакаат спортот и ќе бидат во можност да вложуваат во него, но потребно е и да се вложи во изградба на терени за да имаат децата каде да тренираат. Кога се имаат финансиите се друго е полесно. Можат да се огранизираат турнири надвор од Македонија за девојките да можат да ја почувствуваат атмосферата како е да се игра против некој кој не е нивен. Да можат да учат од противникот и да се надоградуваат. Исто така, потребно е и да имаме повеќе клубови за да можеме да создадеме квалитетна лига. Според мене, вежбањето и спроведувањето на тактиките за време на натпреварувањата се клучниот фактор за успех. Во моментов имаме само два активни клубови, Вардар и Металург, и само со нив не можеме да создадеме лига. Потребно е како некогаш да се развијат ракометни клубови низ целата држава за да можеме да го издвоиме квалитетот од квантитетот.

Која е разликата помеѓу ракометот пред десет години и сега?

Кастратовиќ: Системот на работа е различен. Секоја генерација си носи нешто ново. Во мое време никој нас пред натпревар не не прашуваше дали сме психички подготвени, туку излегувавме на терен и да го дававме својот максимум. Сега акцентот се става на друго место, дали спортистот е во депресија и слично. Тоа е единствената разлика од некогаш и сега.Но, мора и секој спортист да работи на својата самодоверба доколку сака да биде успешен. Треба и да се научи дека се излегува на терен за да се победи, а не само да се учествува.

Од неодамна сте и тренер на ЖРК Вардар, какви се амбициите, дали може да се повтори успехот на Кометал Ѓорче Петров од 2002 година кога ни ја поделивте најголемата радост, европска титула?

Кастратовиќ: Имаме амбиции, но тие се на долги стази. Ова ни е прва година. Сега работиме на програмата и нејзината реализација. Успехот не се случува преку ноќ. И ние преку ноќ со Кометал не станавме шампиони.  Игравме години и години за да дојдеме до тоа ниво, но успеавме. И затоа велам дека е потребна е континуирана работа за да се дојде до успех. За една година не се прават чуда, сега сме во фаза кога ги увидуваме работите за да знаеме на кој начин треба да продолжиме. Имаме сериозни амбиции со Вардар, затоа и пред некој ден ми беше понудено да потпишам нов договор од три години и се надеваме дека полека, но сигурно се ќе си дојде на свое место.

Направени се измени на Законот за спорт во делот на трансформацијата на спортските клубови во акционерски друштва. Како Вие како поранешен спортист гледате на овие измени?

Кастратовиќ: Измените ги сметам за позитивни. Сметам дека професионалните спортисти треба да имаат платен стаж. Истовремено, да се биде професионален спортист го сметам и за привилегија бидејќи тоа се едни од ретките луѓе кои го работат од се срце она што го сакаат и од тоа заработуваат.

Агенцијата за млади и спорт доделува 500 стипендии за талентирани спортисти. Како Вие гледате на овој проект?

Кастратовиќ: Позитивно ги оценувам сипендиите кои им се даваат на младите талентирани спортисти бидејќи тие дополнително ги мотивираат да продолжат да работат и да се усовршуваат на секој можен начин. Со добивањето на стипендија, детето –спортист добива желба и понатаму да се докажува и од ден на ден да биде се подобро во тоа што го прави.

Агенцијата за млади и спорт отвори Спортска Академија во која има паралелка за ракомет. Ова е проект во европски рамки. Што мислите за Спортската академија?

Кастратовиќ: Директно сум вклучена во проектот и сметам дека ваква академија е нешто што навистина ни е потребно. Мораме да знаеме дека секогаш првата година е најтешка, како во спортот, па така и во приватниот живот. Но, мора да се издржи. Првата година ќе ни покаже каде грешиме и во кој дел треба да се поправиме за се да функционира перфектно. Потоа ќе биде полесно. Но, потребно и е родителите на децата-спортисти да се запознаат подетално за академијата и нивното образование да го насочат токму во тој правец и од нив професионалците со кои ќе работат да створат врвни спортисти. 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија