Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Директорот Каевски во посета на Маврово и Охрид

Директорот Каевски во посета на Маврово и Охрид

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски денеска е во...

Средба со челните луѓе од Специјалната олимпијада

Средба со челните луѓе од Специјалната олимпијада

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко каевски се сретна со...

Средба Каевски – Берсенев: Поддршка на младинските политики е заеднички приоритет

Средба Каевски – Берсенев: Поддршка на младинските политики е заеднички приоритет

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски се сретна со...

Средба со челните луѓе на Ракометната и Кошаркарската федерација

Средба со челните луѓе на Ракометната и Кошаркарската федерација

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, заедно со раководителот на...

Прием во АМС за македонските одбојкари

Прием во АМС за македонските одбојкари

Директорот на АМС, Дарко Каевски упати честитки до одбојкарите за освоеното...

  • Директорот Каевски во посета на Маврово и Охрид

    Директорот Каевски во посета на Маврово и Охрид

  • Средба со челните луѓе од Специјалната олимпијада

    Средба со челните луѓе од Специјалната олимпијада

  • Средба Каевски – Берсенев: Поддршка на младинските политики е заеднички приоритет

    Средба Каевски – Берсенев: Поддршка на младинските политики е заеднички...

  • Средба со челните луѓе на Ракометната и Кошаркарската федерација

    Средба со челните луѓе на Ракометната и Кошаркарската федерација

  • Прием во АМС за македонските одбојкари

    Прием во АМС за македонските одбојкари

Печати

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески оствари среда со раководството на Регионалната лига во бокс Јурица Рунтиќ и Димитар Ташков

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams boks regionalno natprevaruvanje 1

 

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт, Директорот Марјан Спасески оствари средба со првиот човек на Регионалната лига во бокс, Претседателот Јурица Рунтиќ и со директорот на регионалната лига Димитар Ташков. 
Цел на средбата беше започнувањето на регионалната лига во бокс, која треба да се случи во месец март.

Рунтиќ и Ташков го информираа Спасески дека со започнувањето на регионалното првенство (налик Јадранската Аба Лига во кошарка), ќе претставува историски чекор кон враќањето на популарноста на боксот во регионот.

ams boks regionalno natprevaruvanje 2
" Регионалното натрпеварување ќе биде составено од екипи од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија и тоа од 7 екипи - БК Пинк Пантер од Штип,Македонија, БК Спартак од Војводина, Србија, БК Лозница од Лозница, Србија, БК Лазаревац од Белград, Србија, БК Сесвете од Загреб, Хрватска, БК Славија од Бања Лука,БиХ, БК Радник од Бјелина, БиХ. Ќе се одржат 14 кола започнувајќи со првиот натпревар кој ќе се одржи на 4-ти март оваа година во Македонија, во спортската сала "Јордан Мијалков" во Штип помеѓу БК Пинк Пантер и БК Спартак. Учесниците ќе се натпреваруваат во 9 категории и тоа 56кг, 60кг, 64кг, 69кг, 75кг, 81кг, 91кг и +91 кг. Многу важно е тоа што победникот на ова натпреварување ќе земе учество во WSB (Светска лига на прваци) - истакнаа раководните лица на регионална боксерка лига Рунтиќ и Ташков.
Директорот Спасески го поздрави овој навистина голем чекор кој треба да го врати боксот на високите патеки. Спасески истакна дека Македонија секогаш преставувала извор на боксерски таленти кои подоцна станувале боксерски асови како што се носителите на Олимписки медали Аце Русевски и Реџеп Реџеповски.На крај на состанокот Спасески додаде дека Агенцијата за млади и спорт ќе работи со уште позасилено темпо за развој на борењето и создавање на идни боксерски асови. 
На средбата присуствуваа и Илија Младеновски потпретедател на Регионалната лига во бокс и Жељка Бошњаковиќ директор на ВОЦОР МЕДИА задолжена за медиумска и пр покриеност на ова натпреварување.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија