Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Одржан меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје Опен 2017”

Одржан меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје Опен 2017”

Рекордни 400 натпреварувачи од вкупно девет земји од регионот се...

Спасески на Европска конференција за структурен дијалог во Малта

Спасески на Европска конференција за структурен дијалог во Малта

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески присуствува на...

Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин

Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин

Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин и средба со г-дин...

Спасески во Берлин на третиот состанок на Управниот одбор на РИКО

Спасески во Берлин на третиот состанок на Управниот одбор на РИКО

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и младинскиот...

  • Одржан меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје Опен 2017”

    Одржан меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје Опен 2017”

  • Regional Youth Cooperation RYCO: Office Јавен повик за заменик-генерален секретар за Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан

    Regional Youth Cooperation RYCO: Office Јавен повик за заменик-генерален...

  • Спасески на Европска конференција за структурен дијалог во Малта

    Спасески на Европска конференција за структурен дијалог во Малта

  • Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин

    Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин

  • Спасески во Берлин на третиот состанок на Управниот одбор на РИКО

    Спасески во Берлин на третиот состанок на Управниот одбор на РИКО

Печати

Најава за Европско карате првенство во Софија, Бугарија

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres sofija 2017

Карате репрезентацијата на Македонија ќе земе учество на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У-21, кое ќе се одржи во периодот 17-19.02 во Софија, Бугарија. По тој повод денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференција, на кој уводен говор имаше директорот Марјан Спасески.

-Карате спортот дефинитивно е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во земјава, а за тоа говорат и резултатите. Тоа е последица на добро организирана федерација, функционални клубови кои регрутираат млади и талентирани спортисти, одлични тренери и селектори, а верувам дека дополнителен фактор за квалитет е и самиот факт што каратето беше прогласено за Олимписки спорт и ќе се најде на програмата за ЛОИ во Токио 2020 година.

Тоа подразбира дека конкуренцијата во иднина ќе биде се посилна, а најголемиот тест за нашите репрезентативци ќе бидат овие големи натпреварувања.

Јас сум оптимист и поведувајќи се од искуството дека нашите каратисти во последните неколку години редовно се враќаат со трофеи од големите натпреварувања, верувам и сега ќе го покажат својот квалитет и ќе го продолжат трендот на успеси на големите турнири.

Впрочем, токму ваквите резултати се мотив повеќе Агенцијата за млади и спорт да дава континуирана поддршка на Македонската карате федерација. Имено, за овој настап на ЕП во Софија од страна на АМС се издвоени 300.000 денари, а за меѓународната програма и за стручната работа на Карате федерацијата, АМС досега само по првиот оглас од средствата од Игрите на среќа и редовните буџетски средства има издвоено вкупно 2.3 милиони денари.

Голем дел од нашите репрезентативци се и носители на стипендиите, кои ги доделува АМС, како и на највисокото спортско признание, Националното спортско признани – Спортска пензија, со што им оддаваме почит и јавно признание и докажуваме дека државата се грижи и понатаму ќе продолжи да се грижи за врвните спортисти, кои ја промовираат Република Македонија на меѓународната спортска сцена, а од година во година го зголемуваме и бројот на стипендии за млади и талентирани каратисти, чија бројка годинава достигна 25, изјави Спасески.

Селекторот на кадети и јуниори–борби, Александар Кузмановски истакна дека поддршката на Агенцијата за млади и спорт, Олимпискиот коимитет, како и спортските медиуми ја зголемува одговорноста кај сите учесници на ова големо натпреварување, во насока на остварување на подобри спортски резултати.

-Ова натпреварување е од голема важност ако се земе фактот дека не очекува светското кадетско годинава, како и и олимпијадата за млади во 2018.

Очекувам од сите претставници остварување на својот максимум и претставување на Македонија во најдобро светло, изјави Кузмановски.

Селекторот Арлинд Хусеини истакна дека У- 21 минатата година ја завршија со еден медал, но оваа година со преминувањето на Моника Пендаровска и Петар Спасеновски во оваа категорија очекува зголемен број на одличја.

За подготвеноста и остварувањата кај натпреварувачите во кати зборуваше селекторот Стојан Андриевски, а за личните очекувања свои изјави дадоа дел од Македонската експедиција меѓу кои: Вероника Костовска, Моника Пендаровска, Ферри Исиќ, Петар Спасеновски и Столе Смилковски. Заедничко за сите е позитивното расположение и желбата за успех и претставување на сопствената држава во најдобро можно светло.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија