Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Одржан меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје Опен 2017”

Одржан меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје Опен 2017”

Рекордни 400 натпреварувачи од вкупно девет земји од регионот се...

Спасески на Европска конференција за структурен дијалог во Малта

Спасески на Европска конференција за структурен дијалог во Малта

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески присуствува на...

Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин

Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин

Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин и средба со г-дин...

Спасески во Берлин на третиот состанок на Управниот одбор на РИКО

Спасески во Берлин на третиот состанок на Управниот одбор на РИКО

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и младинскиот...

  • Одржан меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје Опен 2017”

    Одржан меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје Опен 2017”

  • Regional Youth Cooperation RYCO: Office Јавен повик за заменик-генерален секретар за Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан

    Regional Youth Cooperation RYCO: Office Јавен повик за заменик-генерален...

  • Спасески на Европска конференција за структурен дијалог во Малта

    Спасески на Европска конференција за структурен дијалог во Малта

  • Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин

    Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин

  • Спасески во Берлин на третиот состанок на Управниот одбор на РИКО

    Спасески во Берлин на третиот состанок на Управниот одбор на РИКО

Печати

“Спортот и семејните вредности” по вторпат во “Вип Арена СЦ Борис Трајковски”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams ssv web 2

Во Сабота (25.02.2017) во период од 12:00 до 13:30 часот, Вип Арена СЦ "Борис Трајковски" ќе биде средиште на задоволни семејства, кои низ ревијални спортски натпревари ќе имаат можност да се дружат, спортуваат и забавуваат со своите најмили.

Ова е дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт, СЦ "Борис Трајковски" и Сојузот на спортски федерации на Македонија, кој по втор пат на едно место ќе собере познати спортисти, културни умeтници и граѓани со една и единствена цел да го промовира спортот преку семејните вредности.

“ Идејата на проектот е да овозможиме пред сè дружење и забава за целото семејство преку рекреативни и друштвени игри во кои сите ќе  бидат победници”,а ќе нема поразени. Очекуваме масовна посетеност во сабота, со што ќе овозможиме покрај забавата и дружењето, дечињата одблизу да ја почуствуваат атмосферата во Вип Арената СЦ Борис Трајковски во која се испишани најголемите спортски, репрезентативни и клубски успеси и со тоа да ги насочиме кон спорт и здрав начин на живот”, изјави Златко Перински, директор на СЦ Борис Трајковски”.

На настанот предвидени се десет спортски и друштвени игри кои ќе бидат промовирани од нашите познати и врвни спортисти.  За сите учесници предвидени се симболични спортски награди.

“ Промоцијата и воздигнувањето на спортот, негувањето на семејните вредности и мотивирањето на граѓаните за што почесто спортување и спортско дружење со своите семејства е една од главните причини за реализација на овој проект. Убеден сум дека на ваков начин ќе придонесеме за подигнување на свеста за водење на спортски и здрав начин на живот од една страна,но и за одржување на семејните врски и вредности преку спортските активности”-потенцираше директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

Предвидено е настанот да започне во 12 00 часот и да трае до 13 30 часот.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија