Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Директорот Каевски во посета на Маврово и Охрид

Директорот Каевски во посета на Маврово и Охрид

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски денеска е во...

Средба со челните луѓе од Специјалната олимпијада

Средба со челните луѓе од Специјалната олимпијада

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко каевски се сретна со...

Средба Каевски – Берсенев: Поддршка на младинските политики е заеднички приоритет

Средба Каевски – Берсенев: Поддршка на младинските политики е заеднички приоритет

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски се сретна со...

Средба со челните луѓе на Ракометната и Кошаркарската федерација

Средба со челните луѓе на Ракометната и Кошаркарската федерација

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, заедно со раководителот на...

Прием во АМС за македонските одбојкари

Прием во АМС за македонските одбојкари

Директорот на АМС, Дарко Каевски упати честитки до одбојкарите за освоеното...

  • Директорот Каевски во посета на Маврово и Охрид

    Директорот Каевски во посета на Маврово и Охрид

  • Средба со челните луѓе од Специјалната олимпијада

    Средба со челните луѓе од Специјалната олимпијада

  • Средба Каевски – Берсенев: Поддршка на младинските политики е заеднички приоритет

    Средба Каевски – Берсенев: Поддршка на младинските политики е заеднички...

  • Средба со челните луѓе на Ракометната и Кошаркарската федерација

    Средба со челните луѓе на Ракометната и Кошаркарската федерација

  • Прием во АМС за македонските одбојкари

    Прием во АМС за македонските одбојкари

Печати

Спортот и семејните вредности во Вип Арена “Борис Трајковски”

вклучено . Објавено во Соопштенија


ams ssv

Вип Арена СЦ Борис Трајковски беше средиште на задоволни семејства, кои низ ревијални спортски натпревари имаа можност да се дружат, спортуваат и забавуваат со нашите македонски спортски ѕвезди од редот на Филип Кузмановски, Томи Стефановски, Евгениј Поп Ацев, Лина Ѓорческа,Мартин Несторовски, Огнен Стојановски, Наташа Илиевска, како и спортските легенди, како Стефче Алушевски и Наумче Мојсовски.

Ова е дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт,СЦ Борис Трајковски и Сојузот на спортски федерации на Македонија, кој по втор пат на едно место ги собра познатите спортисти, културни умeтници и граѓани со една и единствена цел да го промовира спортот преку семејните вредности.
Во овие рекреативни и друштвени игри сите беа “победници”, немаше поразени, а низ дружењето, дечињата одблизу ја почуствуваа атмосферата во Вип Арената СЦ Борис Трајковски во која се испишани најголемите спортски, репрезентативни и клубски успеси.
За сите учесници имаше симболични спортски награди.
“Промоцијата и воздигнувањето на спортот, негувањето на семејните вредности и мотивирањето на граѓаните за што почесто спортување и спортско дружење со своите семејства е една од главните причини за реализација на овој проект. Убеден сум дека на ваков начин ќе придонесеме за подигнување на свеста за водење на спортски и здрав начин на живот од една страна,но и за одржување на семејните врски и вредности преку спортските активности”, изјави директорот на Агенцијата а млади и спорт Марјан Спасески.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија