Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Директорот Каевски во посета на Маврово и Охрид

Директорот Каевски во посета на Маврово и Охрид

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски денеска е во...

Средба со челните луѓе од Специјалната олимпијада

Средба со челните луѓе од Специјалната олимпијада

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко каевски се сретна со...

Средба Каевски – Берсенев: Поддршка на младинските политики е заеднички приоритет

Средба Каевски – Берсенев: Поддршка на младинските политики е заеднички приоритет

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски се сретна со...

Средба со челните луѓе на Ракометната и Кошаркарската федерација

Средба со челните луѓе на Ракометната и Кошаркарската федерација

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, заедно со раководителот на...

Прием во АМС за македонските одбојкари

Прием во АМС за македонските одбојкари

Директорот на АМС, Дарко Каевски упати честитки до одбојкарите за освоеното...

  • Директорот Каевски во посета на Маврово и Охрид

    Директорот Каевски во посета на Маврово и Охрид

  • Средба со челните луѓе од Специјалната олимпијада

    Средба со челните луѓе од Специјалната олимпијада

  • Средба Каевски – Берсенев: Поддршка на младинските политики е заеднички приоритет

    Средба Каевски – Берсенев: Поддршка на младинските политики е заеднички...

  • Средба со челните луѓе на Ракометната и Кошаркарската федерација

    Средба со челните луѓе на Ракометната и Кошаркарската федерација

  • Прием во АМС за македонските одбојкари

    Прием во АМС за македонските одбојкари

Печати

Одржан состанок со претседателите на локални младински совети во рамки на проектот „Учество на младите во процесот на донесување на одлуки“

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams1

Денеска, 09.03.2017 во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа првиот состанок со претседателите на локални младински совети во рамки на проектот„Учество на младите во процесот на донесување на одлуки“. Проектот се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА и Агенцијата за млади и спорт, а со поддршка од Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата Еразмус+ Клучна Акција 3 (Структурен дијалог). Целта на овој проект е да се подобри функцијата на советите на млади во општините и да се влијае на подобрување на младинското учество во демократскиот живот.

На настанот се обратија Директорот на Коалицијата на младински организации СЕГА – Зоран Илиески, Директорот на Агенцијата за млади и спорт – Марјан Спасески и Директорот на Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт се наврати на процесот на формирање на локални младински совети инициран од Агенцијата за млади и спорт во 2015 година, истовремено истакнувајќи ја огромната важност на локалните младински совети како линк меѓу младите луѓе и локалните власти, односно како тела кои овозможуваат  вклучување на младите луѓе во процесите на донесување одлуки и креирање политики.

Во првата половина на април 2017 година проектот предвидува реализација на 10 локални дискусии на тема „Зголемување на младинското учество преку функцијата на Советите на Млади“ во општините вклучени во проектот. Преку овие локални дискусии ќе се прибираат мислењата на младите за младинското учество на локално и национално ниво и каква е потребата за подобрување на младинското учество преку Советите на Млади.

За поголемо вклучување на Советите на Млади предвидено е за фасилитатори на локалните дискусии да бидат ангажирани претседателите на советите на млади од Кавадарци, Штип, Свети Николе, Радовиш, Неготино, Крушево, Гази Баба, Ѓорче Петров, Прилеп и Град Скопје.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија