Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Одржан меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје Опен 2017”

Одржан меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје Опен 2017”

Рекордни 400 натпреварувачи од вкупно девет земји од регионот се...

Спасески на Европска конференција за структурен дијалог во Малта

Спасески на Европска конференција за структурен дијалог во Малта

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески присуствува на...

Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин

Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин

Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин и средба со г-дин...

Спасески во Берлин на третиот состанок на Управниот одбор на РИКО

Спасески во Берлин на третиот состанок на Управниот одбор на РИКО

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и младинскиот...

  • Одржан меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје Опен 2017”

    Одржан меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје Опен 2017”

  • Regional Youth Cooperation RYCO: Office Јавен повик за заменик-генерален секретар за Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан

    Regional Youth Cooperation RYCO: Office Јавен повик за заменик-генерален...

  • Спасески на Европска конференција за структурен дијалог во Малта

    Спасески на Европска конференција за структурен дијалог во Малта

  • Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин

    Трет состанок на Управниот одбор на РИКО во Берлин

  • Спасески во Берлин на третиот состанок на Управниот одбор на РИКО

    Спасески во Берлин на третиот состанок на Управниот одбор на РИКО

Печати

Одржан меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје Опен 2017”

вклучено . Објавено во Соопштенија


ams taek web 2

Рекордни 400 натпреварувачи од вкупно девет земји од регионот се натпреваруваа на четвртиот по ред традиционален меѓународен турнир во Олимписко Таеквондо „Скопје опен 2017” во спортската сала на СРЦ Кале во Скопје. Турнирот го прогласи за отворен директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој го искажа задоволството што градот Скопје и Република Македонија се наметнуваат на европската спортска мапа како одлични организатори и домаќини на реномирани меѓународни спортски натпреварувања. 
- Со рекордниот број натпреварувачи кои се пријавија, овој турнир дефинитивно е најголем, а верувам ќе биде и најквалитетен таеквондо турнир кој досега бил организиран кај нас. Особено ме радува фактот што на овој турнир учество ќе земат и голем број македонски натпреварувачи, што зборува дека овој спорт во нашата земја високо котира и е практикуван од многу млади луѓе низ целата држава., истакна директорот Спасески.
Тој на сите натпреварувачи и стручни тимови, им посака успешен настап и во фер-плеј и во духот на спортот да победат најдобрите.
Меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје опен 2017” е во организација на Таеквондо клубот “Бутел” и Македонската таеквондо федерација, а има финансиска поддршка и од Агенцијата за млади и спорт.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија