Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Меѓународен  ден на лица со посебни потреби

Меѓународен ден на лица со посебни потреби

По повод Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, Агенцијата за млади...

Фитнес зона во Општина Центар

Фитнес зона во Општина Центар

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, во присуство на...

Гази Баба доби фитнес зона

Гази Баба доби фитнес зона

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски заедно со...

70 години Спортска Стрелачка Федерација

70 години Спортска Стрелачка Федерација

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски организираше прием...

Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт (АМС) беше организиран...

  • Меѓународен  ден на лица со посебни потреби

    Меѓународен ден на лица со посебни потреби

  • Фитнес зона во Општина Центар

    Фитнес зона во Општина Центар

  • Гази Баба доби фитнес зона

    Гази Баба доби фитнес зона

  • 70 години Спортска Стрелачка Федерација

    70 години Спортска Стрелачка Федерација

  • Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

    Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

Печати

Успех на Федерацијата на Република Македонија за Бразилската Џиу Џица

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

      

На Првиот македонски турнир во граплинг ( борба во брзилска џиу џица без кимоно ) под водство на моќната федрација за граплинг ADCC со седиште во Абу Даби, нашите клубови и членови извојуваа победи и ги освоиа постигнаа следниве резултати:

- 3 златни медали - Владимир Величков, Ариан Јусуфи и Муахмед Чевахир;

- 4 сребрени медали - Бојан Диков,Александар Заткоски, Менче Стојаноска и Мики Смиљковиќ;

- 2 бронзени медали - Никола Стефановски и Јанев Ристо.

Сите освојувачи се членови на нашиот клуб за бразилска џиу џица "Д Стронгест - РООТС БЏЏ Македонија".

Убедливо за најуспешен тим беше прогласен тимот на "Д Стронгест - РООТС БЏЏ Македонија" со 29 поени, на второ место беше клубот од Бугарија "Були Тим" со 14 поени, а на трето место беше тимот од Гостивар со 6 поени.

          На меѓународниот турнир во бразилска џиу џица кој викендов се одржа во Сплит, Хрватска, нашите представници Јанев Ристо и Давид Ровчанин, членови на "Д Стронгест - РООТС БЏЏ Македонија", беа најдобри во своите категории и освоиа два златни медали. Истотака Јанев освои уште еден бронзен медал во апсолутна категорија. На турнирот учествуваа над 100 натпреварувачи од повеќе држави (Хрватска, Србија, Црна, Гора, Македонија, Италија, Словенија итн.) и конкуренцијата беше силна, но нашите натпреварувачи се представија во вистинско светло. Јанев и Ровчанин мораа да победат по 3 борби ( помеѓу борбите има околу 15 минути пауза ) за да ги освојата златните медали, а Јанев мораше да се бори плус 4 борби во апсолутна категорија за да го освои бронзениот медал.

 

 

 

          Истотака би сакале да ги информираме сите љубители на брзилската џиу џица дека од 10 до 30 октомрви во нашата држава ќе престојува едниствениот македонец носител на црн појас во бразилска џиу џица Проф. Роберт Наумоски.

Ќе се одржат два семинари и тоа :

- на 20 октомври ќе се одржи првиот семинар во бразилска џиу џица без кимоно т.н. граплинг и ММА предводен од Проф. Наумоски со асистенција на Алексовски Ивица ( основач на "Д Стронгест - РООТС БЏЏ Македонија"). На крајот на семинарот ќе се презентираат правилата во граплинг. На овој начин сакаме да допринесеме правилата да  бидат пренесени на квалитетен начин. Со ова секој кој ќе учествува на овој семинар ( ова особено важи за тренерите во клубовите ) ќе се запознае со бодувањето, казните, гршките при борбите во граплинг;

- на 21.10.2012 година ќе се одржи вториот семинар во БЏЏ со кимоно и исто како и првиот ден ,после семинарот ќе се презентираат сите правила од БЏЏ борбите.

          Почетокот на семинарот е од 11 часот.

          Се надеваме дека после семинарот покрај техниките кои  ќе бидат пренесени од Проф. Наумоски сите учесници "од прва рака" ќе се запознаат со правилата за борба и своите припреми ќе ги насочат кон квалитетна припрема на своите борци.

Еден  семинар  ќе чини 1200 денари, а кој сака да присуствува на двата семнари, учеството ќе биде 1800 денари. На овој семинар ќе учествуваат членови на клубовите кои се членови на Федерацијата на Република Македонија за бразилска џиу џица, но на семинарот ќе може да присуствуваат сите љубители на оваа боречка вештина. 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија