Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за изложбата Young art 2017 на...

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за Млади поети, на кој...

Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за Младинска Политика

Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за Младинска Политика

Во периодот од 11 до 14 октомври оваа година во Москва, Руска Федерација,...

Средба со националните спортски федерации

Средба со националните спортски федерации

Агенцијата за млади и спорт оствари средба со челните луѓе на на спортските...

Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

Денес, во просториите на поранешното кино ,,Култура” се одржа...

  • Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

    Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

  • Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

    Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

  • Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за Младинска Политика

    Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за...

  • Средба со националните спортски федерации

    Средба со националните спортски федерации

  • Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

    Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

Печати

Промовиран проектот “Обединети преку спорт”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres takt 2

Невладината спортска организација ТАКТ, во соработка со Амбасадата на САД во Македонија, Агенцијата за млади и спорт, какои Факултетот за физичко образование спорт и здравје, го промовираа проектот Обединети преку спорт.

На промоцијата свое излагање имаше Лора Браун од Амбасадата на САД во Македонија, Силвија Митевска, Претседател на организацијата ТАКТ, Ленче Алексовска Величковска – декан на ФФОСЗ, како и Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

Овој проект е уникатна можност која нуди придонес кон зголемување на бројот на девојки кои се занимаваат со спорт преку пример на жени спортисти, поттикнување кон учество на маргинализирани групи на граѓани во спорт, како и обучување на лица за решавање конфликтни ситуации и изградба мир преку спорт и спортски активности.

Сево ова е можно со креирање на Мрежа на Спортски Лидери за промоција на спортски вредности, имплементација на акциски планови и можност за учество на двонеделна обука во САД и соработка со Центарот за спорт, мир и општество од САД.

-Родовата еднаквост и зајакнувањето на правата на жените се од суштинско значење за постигнување на целите за еднакво општеество. Ние се залагаме за еднаквост во спортот за секоја девојка и жена и промовираме здрави навики и спортско лидерство во сите области во спортот.

Само ќе потсетам на едно писмо на еврокомесарките на Европската Унија кои му пишаа на претседателот на Интернационалниот Олимписки Комитет, Жак Рог и претседателот на Интернационалниот ПараОлимписки Комитет, Филип Кравен, во кое многу јасно порачаа дека потребно е да се направат поголеми напори за засилување на учеството на жените во спортот и во спортските управувачки тимови, како и во борбата против дискриминацијата и сексуалното малтретирање, истакна Спасески.

Тој додаде дека е горд што Агенцијата за млади и спорт ќе учествува во овој проект со логистичка поддршка и дополнително ќе вклучи свои вработени во овој проект, кои во иднина ќе ја пренесат целосната идеја на проектот како спортски лидери низ целата територија на Македонија со една цел за здраво и еднакво општество, без стереотипи.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија