Договор за соработка помеѓу АМС и Факултетот за безбедност
-
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски оствари работна средба со челните луѓе од Факултетот за безбедност, Продекан доц. д-р Марјан Ѓуровски и доц. д-р Јонче Ивановски.
Целта на разговорот беше договарање на соработка на факултетот со Агенцијата за млади и спорт, која ќе биде насочена кон зголемување на безбедноста во спортот, особено кај младите преку едукација, создавање професионален кадар, спроведување на истражувања од областа на безбедноста, како и развој и реализација на заеднички проекти.
Планирани се седум столбови на соработка:
Вклучување на Факултет за безбедност - Скопје во обуката и едукацијата во делот на безбедноста во спортот
- Исражувања за причините и последиците од заканите и насилството кај младите и спортските натпревари
- Официјална советодавна форма на Факултет за безбедност за Агенцијата за млади и спорт
- Дијалог и дебата (конференции, месечни дебати, трибини) за младите и спортот
- Студиска програма и модули за спортските работници, здруженија и навивачки групи, заедно со МВР за безбедноста во спортот и младите
- Зајакнување на концептот на приватната безбедност со поддршка на МВР во обезбедување на спортските натпревари








