Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Конституиран е Советот за спорт, заедно градиме Стратегија за развој на спортот

Конституиран е Советот за спорт, заедно градиме Стратегија за развој на спортот

Денеска во Агенцијата за млади и спорт се одржа Конститутивна седница на...

План за спроведување на Младинската Гаранција

План за спроведување на Младинската Гаранција

За спроведувањето на Младинската Гаранција, вклученоста на надлежните...

Млади и активни -  дебата, музика и дружење!

Млади и активни - дебата, музика и дружење!

По повод 12-ти август, Меѓународниот ден на младите, Агенцијата за млади и...

Средба  АМС – МОК: Јакнење на капацитетите на спортските работници е една од целите

Средба АМС – МОК: Јакнење на капацитетите на спортските работници е една од целите

Директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски се сретна со...

  • Конституиран е Советот за спорт, заедно градиме Стратегија за развој на спортот

    Конституиран е Советот за спорт, заедно градиме Стратегија за развој на спортот

  • План за спроведување на Младинската Гаранција

    План за спроведување на Младинската Гаранција

  • Млади и активни -  дебата, музика и дружење!

    Млади и активни - дебата, музика и дружење!

  • Средба  АМС – МОК: Јакнење на капацитетите на спортските работници е една од целите

    Средба АМС – МОК: Јакнење на капацитетите на спортските работници е една од...

Печати

Најавен спортскиот настан “Скопје трча 10 км”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams skopje 2

Во организација на поддржувачите на Визер скопскиот маратон и покровителството на Агенцијата за млади и спорт, Скопје на 08.10 ќе биде домаќин на маратонот на 10 км.

По тој повод во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференција на која се истакнаа деталите околу трката.

-Скопје трча 10км е нов спортски настан кој ќе овозможи дополнителна шанса за спорт и рекреација на нашите граѓани.

Во соработка со Визер Скопски маратон, го подготовивме овој значаен спортски настан за љубителите на трчањето, со цел да ги развиваме здравите навики кај младите, но и кај сите генерации.

Задоволство ми е што Агенцијата за млади и спорт е генерален покровител на Скопје трча 10км”, истакна директорот на АМС Дарко Каевски.

Трката на 10 километри ќе се одржи на 8-ми октомври, долж улиците на Скопје, во пресрет на 11-ти октомври – Ден на востанието.

-Трчаме за развој на спортскиот дух и зголемена афирмација на рекреативното трчање во Македонија.

Ги повикувам сите граѓани кои се чувствуваат подготвено, да се пријават на трката, на официјалната веб страна www.skopje.run

Сакам да истакнам дека Агенцијата за млади и спорт и во претстојниот период ќе биде силен партнер и поддржувач на организацијата на настани од масовно – рекреативен карактер, додаде Каевски.

На пресот свое излагање имаше и Гордана Николовска од Сојузот на спортови на град Скопје, како и директорот на Визер Скопскиот маратон Кире Синадиноски. Тие ги потенцираа деталите околу трките, нагласувајќи дека покрај главната трка од 10 км, ќе се одржи и штафетна трка од 2X5 км.

Стартот и целта е на бул.Илинден, а сите учесници ќе бидат соодветни наградени.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија