Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за изложбата Young art 2017 на...

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за Млади поети, на кој...

Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за Младинска Политика

Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за Младинска Политика

Во периодот од 11 до 14 октомври оваа година во Москва, Руска Федерација,...

Средба со националните спортски федерации

Средба со националните спортски федерации

Агенцијата за млади и спорт оствари средба со челните луѓе на на спортските...

Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

Денес, во просториите на поранешното кино ,,Култура” се одржа...

  • Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

    Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

  • Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

    Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

  • Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за Младинска Политика

    Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за...

  • Средба со националните спортски федерации

    Средба со националните спортски федерации

  • Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

    Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

Печати

Прием на кик-боксерите во АМС по повод успехот на Европското и Балканското првенство во кик бокс

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams prie kik web 2

Денес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт, по повод успешната организација на последното Европско првенство во кик бокс за кадети и јуниори во Скопје и големиот успех на македонските кик-боскери, Директорот Дарко Каевски организираше прием за кик-бокс репрезентацијата предводена од Претседателот и селектор Дејан Митровски – Урко и тренерот Драган Атанасовски.

Каевски изјави дека Македонија уште еднаш се покажа како одличен домаќин и потврди дека секогаш е спремна за организација на вакви големи натпреваруња,а воедно им честита и за остварениот успех на младите кик-боксери.

- Ми претставува чест што денес имам можност да ги примам младите репрезентативци кои направија високи резултати на последното европско првенство во кик-бокс. Македонија секогаш давала големи имиња во кик-боксот, па и од оваа репрезентација очекувам да излезат идните сениорски репрезентативци кои ќе ја претставуваат Македонија и ќе и донесат високи одличја во иднина. Во однос на организацијата на Европското првенство, Македонија уште еднаш се покажа како одличен домаќин и потврди дека секогаш е спремна за организација на вакви големи натпреварувања. Сакам да им честитам и на Кик-боксинг Федерација на Македонија, која се покажа како одличен домаќин на ова првенство – изјави Каевски.     

Митровски упати благодарност до Директорот и до Агенцијата за млади и спорт за огромната поддршка што ја даваат на федерацијата, особено за одржувањето на ова големо меѓународно натпреварување и дополни дека Македонија се покажала како одличен домаќин додека во однос на резултатите репрезентативците биле на посакуваното ниво.

- Сакам да упатам  голема благодарност до Директорот и до Агенцијата за млади и спорт за огромната поддршка што ни ја даваат, особено кога ни беше најпотребна за одржувањето на ова големо меѓународно натпреварување. Ние како организатори се покажавме како одлични домаќини и учесниците беа задоволни од нашето гостопримство. Во однос на Македонската кик-бокс репрезентација, ние со 10 медали во генерален пласман завршивме на 27.место со 3 сребрени и 7 бронзени медали. Сребрени медали освоија Азрет Зекири, Стефан Крстев и Марко Тодоров , додека бронзите им припаднаа на Никола Нацев, Ивица Цветковски, Стојанов Благојче, Ненад Пантиќ, Бобан Јосифов, Витанов Витанче и Викторија Варадинова.

Следен голем настан кој ја очекува Федерацијата е Светското првенство за сениори 2017 во Будимпешта, Унгарија од 3 до 12 Декември, - изјави Митровски.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија