Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за изложбата Young art 2017 на...

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за Млади поети, на кој...

Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за Младинска Политика

Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за Младинска Политика

Во периодот од 11 до 14 октомври оваа година во Москва, Руска Федерација,...

Средба со националните спортски федерации

Средба со националните спортски федерации

Агенцијата за млади и спорт оствари средба со челните луѓе на на спортските...

Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

Денес, во просториите на поранешното кино ,,Култура” се одржа...

  • Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

    Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

  • Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

    Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

  • Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за Младинска Политика

    Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за...

  • Средба со националните спортски федерации

    Средба со националните спортски федерации

  • Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

    Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

Печати

Прием на делегација на КФМ во Агенција за млади и спорт

вклучено . Објавено во Соопштенија


ams priem tenerife web 2

Карате репрезентацијата на Македонија која настапи на Светското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори у21 кое се одржуваше во Тенерифе, Шпанија беше на прием во Агенцијата за млади и спорт.
Директорот на агенцијата Дарко Каевски во своето обраќање посочи дека со освојувањето на две петти места и неколку пласмани во 4 - то коло на едно големо натпреварување како што е Светското првенство, оваа генерација македонски каратисти докажа дека пред неа е светла иднина.
Каевски додаде дека Агенцијата за млади и спорт ќе прод
олжи безусловно да го помага каратето во Македонија, бидејќи уште еднаш се докажа дека Македонија има иднина во спортот кој на редовната програма на Младинските Олимписки игри во Буенос Аирес 2018 и Олимписките игри во Токио 2020 година.
Тренерите на државните репрезентации зборуваа за настапите на ова СП. Селекторот во борби за кадети и јуниори Александар Кузмановски истакна дека покра Марио кој е на 5 – то  место и евидентен кандидат за борба за норма на Младинската Олимписки игри, има уште неколку кои ќе се борат за настап во Буенос Аирес. Исто така имаше уште неколку натпреварувачи до 4 - то коло како што се Роберто Ацковски јуниори и Ангела Мојсовска која и покрај повредата, беше најдобар претставник на Македонија во категоријата помлади сениори У21.
Селекторот на ката репрезентацијата Стојан Андриевски напомена дека овој  настап на шампионатот е резултат на повеќегодишна работа со младите категории кои го продолжуваат континуитетот и се светла перспектива. Во оваа категорија покрај 5 – то место на машкиот тим, Владанка Аврамова дојде до 4 коло кадети, Александар Неделковски до 3 коло, а детали решаваа за подобри резултати и пласмани на Кириана Камчевска јуниори и Маријана Димоска во помлади сениори У21.

 На овој шампионат дел од карате репрезентацијата на Македонија беа и неколку судии. Боби Војдиновски положи за највисока А лиценца светски судија, додека за Б лиценца положија Игор Лазарев и Нуредин Мисини. Македонија има  вкупно 9 судии со светска лиценца и е меѓу државите со најголем број судии од највисок ранг.

Светското Првенство во Тенерифе беше рекордно со 1710 натпреварувачи од 109 држави.

Ова беше уште еден настап во кои и каратето и КФМ како организација, но и Македонија како држава се претставија на високо ниво.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија