Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за изложбата Young art 2017 на...

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за Млади поети, на кој...

Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за Младинска Политика

Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за Младинска Политика

Во периодот од 11 до 14 октомври оваа година во Москва, Руска Федерација,...

Средба со националните спортски федерации

Средба со националните спортски федерации

Агенцијата за млади и спорт оствари средба со челните луѓе на на спортските...

Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

Денес, во просториите на поранешното кино ,,Култура” се одржа...

  • Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

    Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

  • Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

    Агенцијата за млади и спорт го објави КОНКУРСОТ ЗА МЛАДИ ПОЕТИ

  • Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за Младинска Политика

    Владина делегација на Македонија на Меѓународен Министерски Самит за...

  • Средба со националните спортски федерации

    Средба со националните спортски федерации

  • Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

    Подобри младински политики преку партиципација и дијалог

Печати

Јавен повик за формирање на Работна група

вклучено . Објавено во Соопштенија

На 27 август 2015 г.  во рамки на Самитот за Западен Балкан одржан во Виена (Австрија) , од страна на премиерите на 6 земји (Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Црна Гора и Косово) беше потпишана Заедничка декларација за воспоставување наРегионална канцеларија за соработка во областа на младите, како регионално тело чија задача ќе биде да ја управува и ја координира младинската соработка во регионот, во духот на соработка и помирување на младите од Западен Балкан.

На 04.јули 2016 г. од страна на премиерите на  шесте земји беше официјално потпишана Меѓународната спогодба за формирање на Регионална канцеларија за младинска соработка, со седиште во Тирана, Албанија која  отпочне со работа на 01.јануари .2017 г.

Р. Македонија беше дел од процесот на формирање на оваа канцеларија, и е дел  од нејзиното понатамошно функционирање преку свои членови во управните тела- Управниот одбор со 2 претставници (владин и невладин претставник).

Во таа насока, со цел  отворен и транспарентен процес за избор на соодветен претставник во Управниот одбор на оваа канцеларија од Невладиниот сектор, Агенцијата за млади и спорт го распишува следниот :

Јавен повик

за

формирање на Работната група за избор на младински претставник во Управниот одбор  на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан

Работната група за избор на младинскиот претставник ќе има за цел да спроведе постапка за избор на младинскиот претставник во Управниот Одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан и да поднесе предлог одлука до Директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Критериуми за организацијата која предлага свој претставник во Работната група:

-          организацијата да постои најмалку 3 години

-          во извршното или управно тело да има млади

-          организацијата да има свое јавно гласило

-          да е регистрирана врз основа на Закон за здруженија и фондации и Закон за Црвен Крст на Република Македонија

-          во 2017 година да има најмалку 5 имплементирани активности за млади

Пополнетите пријави заедно со прилози за докажување на исполнувањето на критериумите, тековна состојба , како и наративен извештај за 2017 година со  кој се докажува најмалку 5 имплементирани активности,  потребно е да се испратат до:

 Агенцијата за млади и спорт (ул. Македонија бр.38 – Палата „Панко Брашнаров“ , 1000 Скопје ),  најдоцна до :12.01.2018 г. (16:30ч.)

Напомена: Лицата кои ќе се пријават да бидат членови на оваа Работна група нема да имаат право да поднесат пријава за младински претставник во Управниот Одбор на РИКО.  Секоја организација може да има еден преставник во работната група.

Процесот ќе се спроведува во периодот јануари - февруари 2018, а изборот на младинскиот претставник на УО на РИКО треба да биде извршен  заклучно со 05 март 2018. 

Се повикуваат сите организации кои ги исполнуваат условите, да се пријават на овој повик што ќе им овозможи директно да учествуваат во изборот на претставник на младите во управното тело на РИКО и да ја искористат оваа можност за учество во одлучувањето. 

Пријавите кои ќе бидат непотполни и кои ќе пристигнат по наведениот рок, нема да бидат земени предвид.

Резултатите од јавниот повик ќе бидат објавени на веб страната на Агенцијата за млади и спорт.

Пријава за РИКО за лице (СИМНИ ТУКА)

Пријава за РИКО организации (СИМНИ ТУКА)

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија