Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Објавен Конкурсот за младински преставник во УО на РИКО

Објавен Конкурсот за младински преставник во УО на РИКО

На 27 август 2015 г. во рамки на Самитот за Западен Балкан одржан во Виена...

Прва работна средба на работната група за избор на младински преставник во ОУ на РИКО

Прва работна средба на работната група за избор на младински преставник во ОУ на РИКО

На 27 август 2015 г. во рамки на Самитот за Западен Балкан одржан во Виена...

Панел дискусија „Колку се почитуваат работничките права на младите во РМ?“

Панел дискусија „Колку се почитуваат работничките права на младите во РМ?“

Инфо центарот на ЕУ беше местото на одржување на панел дискусијата...

Работна средба со спортски работници и спортски федерации

Работна средба со спортски работници и спортски федерации

Денеска, Премиерот Зоран Заев заедно со директорот на Агенција за млади и...

Каевски ја предводи владината делегација од Агенцијата за млади и спорт на Форум за млади во Њујорк

Каевски ја предводи владината делегација од Агенцијата за млади и спорт на Форум за млади во Њујорк

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски имаше свое излагање...

  • Објавен Конкурсот за младински преставник во УО на РИКО

    Објавен Конкурсот за младински преставник во УО на РИКО

  • Прва работна средба на работната група за избор на младински преставник во ОУ на РИКО

    Прва работна средба на работната група за избор на младински преставник во ОУ...

  • Панел дискусија „Колку се почитуваат работничките права на младите во РМ?“

    Панел дискусија „Колку се почитуваат работничките права на младите во РМ?“

  • Работна средба со спортски работници и спортски федерации

    Работна средба со спортски работници и спортски федерации

  • Каевски ја предводи владината делегација од Агенцијата за млади и спорт на Форум за млади во Њујорк

    Каевски ја предводи владината делегација од Агенцијата за млади и спорт на...

Печати

Прием за македонските скијачи пред настап на зимските ОИ

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams zoi 1

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски ја прими македонската скијачка делегација, која ќе настапи на Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја, во период  9 до 25 февруари.

Антонио Ристевски, кој  е најискусен меѓу натпреварувачите, со учество на својата трета Олимпијада, ќе настапи во слалом и велеслалом со обезбедена А олимписка норма, и ќе се обиде да го подобри 29.место освоено на претходните олимписки игри во Сочи.

Ставре Јада ќе учествува на 15 километри слободно трчање со обезбедена А олимписка норма и Викторија Тодоровска на 10 километри слободно трчање со обезбедена Б олимписка норма, слободен стил,  изјавија дека ова за нив е дебитантски настап и ќе се обидат да дадат максимум за да постигнат висок резултат.

На приемот свои излагања имаа селекторот во алпски дисциплини Иван Лесески, како и Ѓоко Динески, селектор во скијачко трчање, кои ја потенцираа важноста на финансиската поддршка од Агенцијата за млади и спорт, како во подготвителниот период, така и во настапот на Македонската делегација во Пјонгчанг.

Каевски на македонските скијачи им посака успешен настап и да ја израдуваат  Македонија со постигнување на што подобар резултат на претстојните зимски олимписки игри.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија