Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направи увид во...

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Мојсовски се сретна со нашиот...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

Избрани се најдобрите од конкурсот "Млади уметници" во две возрасни...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја...

  • Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

    Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

  • Кошаркарско игралиште во Аеродром

    Кошаркарско игралиште во Аеродром

  • Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

    Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

Печати

Посета на Спортската Академија

Напишано од Super User вклучено . Објавено во Соопштенија

Премиерот Никола Груевски во друштво на директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски и на хрватската фудбалска легенда Давор Шукер ја посетија Академијата за спортисти во Првата спортска гимназија. Во средното фискултурно училиште „Медотија Митевски-Брицо“ премиерот на Република Македонија и претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз се дружеа со членовите на првата спортска академија.

Покрај нив, присутни беа и министерот за образование и наука Панче Кралев, претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски како и бројни други спортски работници.

-Целта на оваа Спортска академија е да создадеме врвен македонски спортист. Односно, ако имаме еден фудбалер како што е Горан Пандев, зошто на пример да немаме десет такви фудбалери, или зошто да немаме десет напаѓачи како Дарко Панчев. Се разбира со оваа академија сакаме да создадеме македонски спортист кој како индивидуа ќе знае како да се бранат боите на Република Македонија и како се треба да се настапува за националните селекции, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски.

Инаку оваа Спортска академија брои 111 членови поделени во гимназиски паралелки во фудбал, кошарка, две во ракомет и тенис. Овој проект почна да функционира од септември, а селекцијата е направена во месец март.

Редовно овие млади спортисти ќе се дружат со големите македонски спортски ѕвезди, а минатата недела се дружеа со Пепи Манасков. Исто така важно е да имаат контакт, обука и семинари со познати спортисти од странство барем пет или шест пати во годината, а АМС заедно со Министерството за образование и наука и се разбира федерациите ќе се обидат одредени спортски имиња и странски тренери да ги донесат во Македонија.

Инаку овие деца по завршувањето на четиригодишното образование, доколку полагаат државна матура ќе можат да се запишат на сите факултети, а доколку не полагаат тогаш образованието ќе може да го продолжат на поголемиот дел од македонските факултети.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија