Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Објавен јавниот повик за учество во обука за претприемништво и деловни вештини

Објавен јавниот повик за учество во обука за претприемништво и деловни вештини

Агенцијата за млади и спорт, во насока на развивање на претмприемаштвото...

Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници од Проектите за млади на Агенцијата за млади и спорт

Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници од Проектите за млади на Агенцијата за млади и спорт

Агенцијата за млади и спорт, следејќи ги младинските трендови, петти пат по...

Доделена Државната награда за остварување во спортот ,,8-ми септември ''

Доделена Државната награда за остварување во спортот ,,8-ми септември ''

Денес во кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија се...

Агенцијата за млади и спорт со поддршка на младите хемичари

Агенцијата за млади и спорт со поддршка на младите хемичари

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски присуствуваше на...

Одбележан

Одбележан "Ден на млади"

По повод Меѓународниот ден на млади, се одржа настан организиран од страна...

  • Објавен јавниот повик за учество во обука за претприемништво и деловни вештини

    Објавен јавниот повик за учество во обука за претприемништво и деловни вештини

  • Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници од Проектите за млади на Агенцијата за млади и спорт

    Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници од Проектите...

  • Доделена Државната награда за остварување во спортот ,,8-ми септември ''

    Доделена Државната награда за остварување во спортот ,,8-ми септември ''

  • Агенцијата за млади и спорт со поддршка на младите хемичари

    Агенцијата за млади и спорт со поддршка на младите хемичари

  • Одбележан

    Одбележан "Ден на млади"

Печати

Каевски: Со одржувањето на Мавровскиот меморијал ја продолжуваме традицијата на големи светски настани во Македонија

вклучено . Објавено во Соопштенија


Darko Pres Mavrovski

Во Маврово од 6 до 8 март ќе се одржи традиционалниот 55-ти Мавровски меморијал, спортска манифестација која го промовира Маврово и Република Македонија. И оваа година натпреварувањето ќе биде поддржано од Агенцијата за млади и спорт.

- Традицијата продолжува, но и остварувањето на нашата визија да се најдеме во европската и светската елита во нордиското скијање. Јас верувам дека ќе се покажеме како добри домаќини и организатори на овој настан, кој како ФИС натпревар е еден од најдобро организираните меѓународни настани на Балканот. Токму затоа, Агенцијата за млади и спорт, секоја година финансиски и логистички ја поддржува организацијата на овој меѓународен традиционален спортски натпревар, истакна Дарко Каевски директор на АМС.
Тој упати апел до љубители на спортот и сите вљубеници во скијањето, да дојдат во Маврово и да ги поддржат македонските скијачи, но и да уживаат во се она што ќе го понудат натпреварувачите.
Натпреварот се одржува во чест на загинатите 38 градители на електросистемот Мавровска хидроцентрала и 14 храбри граничари кои загинаа од снежната лавина во 1956 година.
- На најсилното нордиско натпреварување на Балканот до сега учество пријавија околу 70 натпреварувачи од Македонија, Грција, Турција, Бугарија, Србија, Романија, Луксембург, а се очекува потврда од Хрватска, информира македонскиот тренер Ѓоко Динески. 
На патеката „Мирна Долина“ ќе се одржат трки на пет километри за жени и 10 километри за мажи, како и детски трки на 2,5 километри.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија