Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, му го честиташе...

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод 51-от...

Европска бронза за Емил Павлов

Европска бронза за Емил Павлов

Нашите каратисти имаа успешен настап на Европското првенство во карате, кое...

 Светската танцова елита во Скопје

Светската танцова елита во Скопје

Танцовата федерација во соработка со Агенцијата за млади и спорт и...

Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Европскиот шампионат во шах во поединечна конкуренција беше свечено пуштен...

  • Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

    Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

  • ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

    ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

  • Европска бронза за Емил Павлов

    Европска бронза за Емил Павлов

  •  Светската танцова елита во Скопје

    Светската танцова елита во Скопје

  • Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

    Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Печати

Половина век од постоење на ИКАС

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres ikas

Еден од најголемите православни празници, Велигден, оваа година ќе биде збогатен со јубилејниот 50ти по ред ИКАС и Европскиот куп во спуст, а преубавата Матка ќе биде дом на над 70 домашни и странски кајакари.

По тој повод, во Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференција на кои свое обраќање имаше Директорот Каевски, претседателот на Комитетот за слалом при Светската кајакарска федерација Томислав Црнковиќ,претседателот на комитетот за слалом при КФМ Димче Стефановски, и претседателот на Кајакарската федерација на Македонија Коста Ефтимов.

-Заложбата за поддршка на еден од најстарите спортски настани во југоисточна Европа останува и понатаму. Кајакарството во Македонија има традиција, резултат и претставува спорт кој освен спортските привилегии нуди и промоција на природните и културни вредности во Македонија, изјави Каевски.

Преку 70 натпреварувачи од 14 земји во светот меѓу кои Словенија, Русија, Хрватска, во сабота ќе учествуваат на спустот и квалификациите за слалом, додека пак полуфиналните и финалните натпревари се во недела.

-Огромно задоволство е повторно да сме во Македонија, во земјата која има идеални услови за одржување на еден ваков спортски настан. Нашето пријателско партнерство со кајакарската федерација на Македонија продолжува и понатаму, изјави Црнковиќ.

За техничките детали на трките, деталите околу тајмингот на натпреварите и бројот на учесници зборуваа претседателот на Комитетот за слалом при КФМ Димче Стефановскипретседателот на Кајакарската федерација на Македонија Коста Ефтимов.

Вечерва во 19 часот е свеченото отворање во Музеј на град Скопје.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија