Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

“Стоп на пороците кај младата популација”

“Стоп на пороците кај младата популација”

Агенцијата за млади и спорт продолжува со имплементацијата на Проектот...

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

По повод отпочнувањето на процесот за креирање на Законот за млади, вчера...

Соопштение

Соопштение

Агенцијата за млади и спорт за прв пат аплицираше за проект во Европската...

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Денеска, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски оствари...

  • “Стоп на пороците кај младата популација”

    “Стоп на пороците кај младата популација”

  • Одржан прв јавен настан за Закон за млади

    Одржан прв јавен настан за Закон за млади

  • Соопштение

    Соопштение

  • Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

    Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Печати

Започнува единаесетата по ред училишно-спортска манифестација ,,Гимназијада"

вклучено . Објавено во Соопштенија

logo ams

Поттикнувањето на интересот кај младата популација за активно учество во професионалниот и рекреативен спорт, како и заложбите за генерален развој на спортот во Република Македонија се едни од основните принципи на кои е базирана владината политика за поддршка на младите, за нивно правилно насочување и развивање во личности со изразен натпреварувачки дух и креативност, кои ќе ја создаваат и предводат иднината на земјата.Во таа насока, започнувајќи од утре, четврток до сабота, во Тетово ќе се одржат единаесетата по ред државна спортска манифестација на средни училишта „Гимназијада”. Учесниците ќе се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини: фудбал, футсал, кошарка, ракомет и одбојка.

На натпреварувањето ќе учествуваат околу 1000 средношколци од 56 екипи од средните училишта во државата. Во организација на натпреварите се вклучени над 100 професори по физичко воспитување и образование. „Гимназијада” е одлична можност за социјализација на младите, но и можност за покажување на индивидуалните и колективните спортски квалитети.

Свеченото отворање е предвидено да се оддржи во четврток со почеток во 18 часот на градскиот плоштад во Тетово, каде поздравен говор ќе одржат директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, а манифестацијата ќе ја отвори претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија