Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Скопје трча

Скопје трча

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Јавен повик за доделување награди за Млади талентирани лица

Јавен повик за доделување награди за Млади талентирани лица

Агенцијата за млади и спорт, следејќи ги младинските трендови,...

Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници  од Проектите за млади на Агенцијата за млади и спорт

Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници од Проектите за млади на Агенцијата за млади и спорт

Агенцијата за млади и спорт, следејќи ги младинските трендови, петти пат по...

Европска недела на спортот во Македонија

Европска недела на спортот во Македонија

По повод започнувањето на најголемиот спортски настан во Европа –...

Македонија домаќин на состанокот на Регионалната анти-допинг организација

Македонија домаќин на состанокот на Регионалната анти-допинг организација

Агенцијата за млади и спорт во периодот од 5-8 септември e домаќин на...

  • Скопје трча

    Скопје трча

  • Јавен повик за доделување награди за Млади талентирани лица

    Јавен повик за доделување награди за Млади талентирани лица

  • Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници  од Проектите за млади на Агенцијата за млади и спорт

    Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници од Проектите...

  • Европска недела на спортот во Македонија

    Европска недела на спортот во Македонија

  • Македонија домаќин на состанокот на Регионалната анти-допинг организација

    Македонија домаќин на состанокот на Регионалната анти-допинг организација

Печати

Параолимпијката Наковска Бикова на прием во куќата на спортот

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk i bikova

По одличниот настап на македонската Параолимпијка Оливера Наковска – Бикова на Парасветското првенство во Чеонгју, Јужна Кореја и освоениот бронзен медал во дисциплината воздушен пиштол, Наковска обезбеди директен пласман на Параолимписките игри во Токио 2020 година.

Тоа беше одличен повод за прием на една од најдобрите македонски спортистки во Агенцијата за млади и спорт, каде импресиите од настапот во Чеонгју му ги пренесе на директорот Каевски и истовремено го најави својот пласман на ОИ во Токио 2020.

-Ми претставува чест и задоволство на присуството на добитникот на трет последователен бронзен медал од светско првенство. Уште поголемо задоволство ми претставува вашиот пласман на Олимписки игри, како настан од најголем приоритет на секој спортист, истакна Каевски.

-Агенцијата за млади и спорт останува на заложбите за поддршка на спортистите, особено на оние кои со своите остварувања го скратуваат својот пат до Токио, додаде Каевски.

Имено Бикова во конкуренција на 31 натпреварувачка го израмни светскиот рекорд од 570 кругови, а во финалето го освои третото место со резултат од 214,3 кругови.

За Наковска – Бикова ова е трет бронзен медал во серија, откако претходно се радуваше и на СП 2010 во Загреб, односно на СП 2014 во Сеул.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија