Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направи увид во...

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Мојсовски се сретна со нашиот...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

Избрани се најдобрите од конкурсот "Млади уметници" во две возрасни...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја...

  • Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

    Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

  • Кошаркарско игралиште во Аеродром

    Кошаркарско игралиште во Аеродром

  • Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

    Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

Печати

Европско првенство во кајак спуст на дива вода на Матка

Напишано од administrator вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk pres kajak evr

Агенцијата замлади и спорт во соработка со Кајакарската федерација на Македонија, денес организираше прес конференција по повод стартот на Европското првенство во кајак на дива вода, кое од утре, па се до 5-ти ќе се одржи на Матка.

На прес конференцијата учествуваа директорот на АМС Дарко Каевски, претседателот на организациониот одбор Димче Стефановски, како и директорот на натпреварот Љубомир Спасиќ.

ams kajak pres evr w2

-Кајакарската федерација на Македонија е федерација која во годишната програма на активности има навистина голем број на содржини од домашен и меѓународен карактер, кои од година во година се се посодржински и освен промоција на кајакот како спорт претставуваат и промоција на убавините на нашата држава.

Тука пред се мислам на Кањонот Матка, местото на одржување на претстојното Европско првенство во кајак спуст на дива вода во јуниорска и сениорска конкуренција, кое од 02-05 ќе се одржи на Матка, рече Каевски.

Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт ја потврдува својата заложба за промоција на Матка како една од најдобрите места за овој спорт во Југоисточна Европа.

Настаните од ваков тип се секогаш безрезервно подржани од Агенцијата за млади и спорт, па така и за ова ЕП одлучивме да излеземе во пресрет.

На сите учесници на ова натпреварување им посакувам убав престој во Македонија, успешни натпревари и спортски успеси, додаде директорот Каевски.

-Благодарност до Агенцијата за млади и спорт, која како и досега останува главен покровител на активностите на Кајак федерацијата, но и благодарност до Европската и Светската кајак федерација која ја препозна заложбата на спортските кајак работници и одличните услови кои ги нуди патеката на Матка, истакна претседателот на организациониот одбор, Димче Стефановски.

За деталите зборуваше директорот на натпреварот Љубомир Спасиќ.

-На првенството ќе земат учество 250 кајакари од 16 земји, што го прави натпреварувањето најмасовно до сега.

Натпреварите започнуваат утре со почеток од девет часо со старт на Матка и финиш во с.Шишево во категорија класик и патека долга 3,5 километри, а во петок ќе се возат квалификациони трки во спуст.

Свеченото отворање е вечерва на плоштадот Филип II со почеток од 20 часот, истакна Спасиќ.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија