Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направи увид во...

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Мојсовски се сретна со нашиот...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

Избрани се најдобрите од конкурсот "Млади уметници" во две возрасни...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја...

  • Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

    Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

  • Кошаркарско игралиште во Аеродром

    Кошаркарско игралиште во Аеродром

  • Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

    Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

Печати

Државни награди од областа на спортот

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres 8 w 2

Агенцијата за млади и спорт со прес конференција го најави свеченото доделување на Државните награди од областа на спортот по повод Денот на независноста на Република Македонија.

Директорот Каевски се заблагодари на сите присутни новинари и спортски работници, како и на членовите на одборот за доделување на Државни награди при Агенцијата за млади и спорт.

-Доделувањето на наградите 8 Септември” се одржува седма година по ред и ги вреднува постигнувањата на спортистите и спортските работници во Македонија. И оваа година се доделуваат 4 награди за врвни спортски остварувања и една награда за животно дело од областа на спортот, истакна Каевски.

Тој ги покани сите присутни на свеченото доделување на наградите закажано за Сабота, 8 Септември, во Собранието на Република Македонија, со почеток од 10.30 часот.

Честа да ги соопшти овогодинешните добитници и припадна на Проф. Ленче Алексовска Величковска, декан на ФФКСЗ и претседател на Одборот за доделување на награди при Агенцијата за млади и спорт.

Величковска истакна дека оваа година одборот имал потешка задача поради зголемениот број на апликации, и дека се разгледани сите апликации, запазени се сите законски рокови и сите критериуми при изборот на добитниците на наградите.

Добитник на наградата за животно дело е Таки Џиков- Одбојка, 5-то и седмо место на младински европски шампионати 1975, 1977, Сениорско Европско првенство, 1979,3- место, Париз Франција, 6- то место на Олимписки игри 1980, Москва, Медитерански игри Сплит 1979, 1-во место и огромен број на остварувања на клубски и екипен план.

Добитници на наградите за посебни остварувања во спортот се:

Ристо Таков, борење, тренер на Шабан Сејди, 3-то место, ОИ Сиднеј 1980, Олимписки игри 1984 ЛА , трето место со Шабан Сејди, настап на голем број светски, европски и балкански шампионати.

Сашко Арсковски, карате, селектор и тренер на Емил Павлов освојувач на златен медал на Европско првенство Нови Сад 2018,Европско злато,Темпере 2014, три злата на Балкански првенство, Бронза на Светско 2010 со Жарко Арсовски....

Владимир Радиќ, долгогодишен ракометен тренер и селектор на Македонската женска репрезентација 1990-2004, 7-мо место Светско ракометно првенство,1997 Германија , 8-мо место Европско ракометно првенство, Холандија 1998, освојувач на Супер куп на Европа 2003,а на клубски план, Европски шампион со Кометал Ѓорче 2002.

Стеван Гешовски , кошарка, тренер на КК Работнички, со репрезентација на Југославија на медитеранските игри освојува сребрен медал во Сплит 1979.

Настапува и на евровизијада во Мексико, каде повторно зема сребрен медал, а беше директрор на Кошаркарската репрезентација која настапуваше на ЕП 1999, Франција.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија