Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Меѓународен  ден на лица со посебни потреби

Меѓународен ден на лица со посебни потреби

По повод Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, Агенцијата за млади...

Фитнес зона во Општина Центар

Фитнес зона во Општина Центар

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, во присуство на...

Гази Баба доби фитнес зона

Гази Баба доби фитнес зона

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски заедно со...

70 години Спортска Стрелачка Федерација

70 години Спортска Стрелачка Федерација

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски организираше прием...

Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт (АМС) беше организиран...

  • Меѓународен  ден на лица со посебни потреби

    Меѓународен ден на лица со посебни потреби

  • Фитнес зона во Општина Центар

    Фитнес зона во Општина Центар

  • Гази Баба доби фитнес зона

    Гази Баба доби фитнес зона

  • 70 години Спортска Стрелачка Федерација

    70 години Спортска Стрелачка Федерација

  • Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

    Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

Печати

Скопје трча

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres skopje trca

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод претстојниот атлетски настан Skopje Run 10K.

Директорот на Агенцијата Дарко Каевски го истакна своето задоволство што Агенцијата за млади и спорт се јавува како генерален покровител на еден настан, кој освен меѓународениот карактер кој истиот го има со учеството на повеќе од 22 земји, има огромен напредок во поглед на пораст на број на пријавени учесници од Македонија, но и хуманитарниот карактер на настанот.

- Уште од својот зачеток, трката е дел од календарот на Атлетска федерација на Македонија и Европска атлетска асоцијација., а планот е да станеме член на Меѓународната асоцијација на маратони и улични трки. Овој ангажман на Сојуз на спортови на Град Скопје со години, преку Виз Ер Скопски маратон, го става Скопје на светската спортска мапа, и очекуваме Skopje Run 10K да е уште еден сегмент од овој успех. За само една година Skopje Run 10K прерасна во голема улична трка со зголемување од 83% во бројот на пријавени за разлика од првата година. Голем број на странски и македонски тркачи и рекреативци се дел од оваа заедница која секојдневно расте и има потенцијал да го смени спортскиот начин на живеење во нашето општество, истакна Каевски.

Тој ги повика сите заинтересирани да се вклучат во Skopje Run 10K и преку донација за СОС Детско село. Сѐ што треба да направат е да купат хуманитарни километри преку официјалниот веб сајт затоа што #СекојКилометарЗначи#.

-       Бидете здрави, трчајте, но и забавувајте се, затоа што спортот е начин на живот, додаде Каевски.

Директорот на Визер Скопски маратон Кире Синадиновски зборуваше за техничките детали на трката, нагласувајќи дека сите пријавени можат своите стартни пакети да ги подигнат од утре, па се до Сабота во СЦБТ, додека пак трките започнуваат на 7-ми Октомври со старт на Бул. Илинден.

Тој ја искажа својата благодарност за обезбедувањето на наградниот фонд од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Град Скопје ја истакна важност за вклучувањето на градот како организатор, но изрази благодарност и до Министерството за внатрешни работи кое ќе се грижи за безбедноста на трката.

1600 натпреварувачи на 10 км и 400 учесници во штафетните трки се овогодинешната бројка, која укажува на пораст на бројот на учесници за над 50%.

Петте музички точки во текот на патеката ќе му дадат забавен карактер на настанот, додека пак можноста за донирање на сретства пред и за време на трката ќе овозможи хуманитарна нишка, насочена кон СОС детското село.

Донирај го секој километар, секој километар значи.

                                                                 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија