Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници

Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници"

  Музејот на град Скопје е местото каде денес беше отворена изложбата...

Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС

Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС" за 2019 година

Агенцијата за млади и спорт (АМС) по шести пат го реализира проектот за...

Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

Градот Скопје се приклучи на кампањата на Агенцијата за млади и спорт и...

Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија

Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, на покана на...

Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

Агенцијата  за млади и спорт продолжува со имплементацијата на...

  • Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници

    Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници"

  • Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС

    Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС" за 2019...

  • Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

    Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

  • Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија

    Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на...

  • Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

    Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

Печати

Објавен јавен повик за ,,Млади Претприемачи” со шанса да добијат 440 илјади денари

вклучено . Објавено во Соопштенија

logo ams

Агенцијата за млади и спорт, во насока на развој на претприемништвото кај младите луѓе, започна со реализација на сет мерки со што ќе се мотивираат младите за поголемо вклучување.

Токму во таа насока е и новиот јавен повик за младилица со можност да аплицираат со своја бизнис идеја (Бизнис план) со што ќе имаат шанса да добијат 440 илјади денари.

За да може да конкурираат потребно е дабидат државјани на Република Македонија, дасе на возраст од 19 до 29 години и да се вработени или невработени кои сакаат да започнат сопствен бизнис.

По завршување на јавниот повик ќе биде доделена финансиска награда за отпочнување со реализација на најдобрата бизнис идеја, во висина од 440 000, 00 денари.

Агенцијата за млади и спорт ги охрабрува сите, млади луѓе на возраст од 19 до 29 години, кои се невработени а имаат желба да започнат сопствен бизнс да се аплицираат со сопствен бизнис план  на јавниот повик. Пристигнатите бизнис планови ќе бидат оценувани од страна на стручна надворешна комисија.Бизнис планот потребно е да ја има следнава содржина:

1. Извршно резиме ( опис на бизнис идејата)

2. Мисија и цели

3. Маркетинг и продажба

4. Ресурси (физички, финансиски, човечки)

5. Ризици

6. Финансиски план

7. Излезна стратегија

8. Прилози (организациона шема, кратка биографија на сопственикот/сопствениците, и сл.)

Апликантите  своите бизнис планои треба да ги достават во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај”, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот. Покрај бизнис планот апликантот потребно е да достави и писмо со кое пројавува интерес за финансирање на неговиот бизнис план, како и копија од документ за лична идентификација, контакт телефон и електронска адреса. Адресата на која треба да се аплицира е: Агенција за млади и спорт Сектор млади, Ул. Македонија 38, 1000 Скопје (Палата „Панко Брашнаров“), со назнака „за Јавен повик,,Млади Претприемачи или лично, во архивата на Агенцијата за млади и спорт.

За подетално информирајте се симнување на јавниот повик:

- ЈАВЕН ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ СО БИЗНИС ПЛАН ОД МЛАДИ ЛИЦА „МЛАДИ ПРЕТПРИЕМАЧИ” (СИМНИ ТУКА)

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија