Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Меѓународен  ден на лица со посебни потреби

Меѓународен ден на лица со посебни потреби

По повод Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, Агенцијата за млади...

Фитнес зона во Општина Центар

Фитнес зона во Општина Центар

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, во присуство на...

Гази Баба доби фитнес зона

Гази Баба доби фитнес зона

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски заедно со...

70 години Спортска Стрелачка Федерација

70 години Спортска Стрелачка Федерација

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски организираше прием...

Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт (АМС) беше организиран...

  • Меѓународен  ден на лица со посебни потреби

    Меѓународен ден на лица со посебни потреби

  • Фитнес зона во Општина Центар

    Фитнес зона во Општина Центар

  • Гази Баба доби фитнес зона

    Гази Баба доби фитнес зона

  • 70 години Спортска Стрелачка Федерација

    70 години Спортска Стрелачка Федерација

  • Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

    Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

Печати

По две златни и сребрени медали за нашите каратисти

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams ep karate

Денес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт, Директорот Дарко Каевски организираше прием за македонските каратисти од последното Европско карате првенство за кадети, јуниори и помлади сениори.

Каевски им го честиташе успехот на македонските херои и потенцираше дека нашите репрезентативци им покажале на европските карате сили дека Македонија била во врвот и ќе остане во врвот.

- Како што ветивме кога тргнавте, така и правиме. Гордо ве пречекуваме херои од 46-то Европско карате првенство за кадети, јуниори и помлади сениори. Денес е чест е денес да се биде рамо до рамо со европските шампиони во У-21 Петар Спасеновски, категорија до 84 кг и Доан Османи, категорија до 75 кг. и сребрени медалисти Давид Петков, јуниори категорија +76 кг. и Бојан Костов, кадети до 52 кг. Нашите каратисти уште еднаш им покажаа на европските карате сили дека Македонија била во врвот и ќе остане во врвот, а тоа нашите херои го докажаа на дело со овој успех. Да упатам голема благодарност и пофалби за стручниот штаб за посветената работа со нашите репрезентативци, а исто така сакам да упатам честитки за успешната организација и работа на Карате федерацијата на Македонија. На крај сакам да ги охрабрам и оние репрезентативци кои не успеаа да се закитат со некој медал, да продолжат со напорните тренинзи и посветено да тренираат а резултатите ќе пристигнат, - изјави Каевски.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија