Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, му го честиташе...

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод 51-от...

Европска бронза за Емил Павлов

Европска бронза за Емил Павлов

Нашите каратисти имаа успешен настап на Европското првенство во карате, кое...

 Светската танцова елита во Скопје

Светската танцова елита во Скопје

Танцовата федерација во соработка со Агенцијата за млади и спорт и...

Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Европскиот шампионат во шах во поединечна конкуренција беше свечено пуштен...

  • Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

    Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

  • ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

    ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

  • Европска бронза за Емил Павлов

    Европска бронза за Емил Павлов

  •  Светската танцова елита во Скопје

    Светската танцова елита во Скопје

  • Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

    Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Печати

Консултативна средба со младински организации

вклучено . Објавено во Соопштенија

,

ams nmo

Денес во просториите на Агенција за млади и спорт, се одржа консултативна средба со младински организации на која се разговараше за активностите кои се планираат во следниот период, а исто така беше потенцирана важноста за континуираната соработка помеѓу АМС и младинските организации.

На состанокот директорот на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски, ги образложи активностите кои се планираат во следниот период и процесите за кои како институција сме надлежни да ги имплементираме во областа на младите и младинското учество, за што побара од младинските организации целосна вклученост во планирањето и имплементацијата на истите. Целта е да се носат политики во консултација со младите и од интерес на младите, токму затоа е од огромно значење за нас како институција, младинските организации да бидат инволвирани во сите активности кои се преземаат.

На состанокот беа отворени неколку актуелни прашања на кои ќе се работи во следниот период и тоа, реализација на проектот „Младинска картичка“, Јавниот повик за грантирање на невладини орагнаизации, Национата стратегија за млади и извештајот за Акцискиот план 2016/2017, информација за состанокот во Брисел за поглавје 26 делот за млади и останати активности на кои Агенција за млади и спорт ќе работи во следниот период.

На консултативната средба присуствуваа претставници од 13 младински организации и организации кои работат на полето млади, кои по излагањето на директорот, ги дадоа своите коментари и забелешки за секоја од точките на денешната средба и ја изразија вољата и подготвеноста од нивна страна за да бидат дел од процесот на донесување одлуки и активно да учествуваат во креирање решенија во интерес на потребите на младите.

На средбата беа донесени неколку заклучоци со кои се дефинираат идните чекори на делување и конкретни активности во следниот период, а беа договорени и работни средби во тек на месец Април, на кои ќе се разговара за Националната стратегија за млади, дефинирање на методолошки пристап за ревизија на истата и креирање на нов Акциски план.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија