Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Реконструкција на базенот во Струга

Реконструкција на базенот во Струга

Започна реконструкцијата на базенот во Струга, еден од најголемите проекти...

Обновен објектот на опожарениот едриличарски клуб во Струга

Обновен објектот на опожарениот едриличарски клуб во Струга

Денеска во 11.00 часот свечено се отвори објектот на едриличарскиот клуб...

Стартуваше обуката за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини

Стартуваше обуката за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини

Агенцијата за млади и спорт, започна со организација на обуки за развој на...

Преку 100 играчи од 18 држави на Челенџ турнир во Скопје

Преку 100 играчи од 18 држави на Челенџ турнир во Скопје

Нашата метропола е домаќин на уште еден настан од светски ранг, ИТТФ челенџ...

Прва обезбедена норма за Токио

Прва обезбедена норма за Токио

По повод освојувањето на бронзен медал на Светското првенство во борење и...

  • Реконструкција на базенот во Струга

    Реконструкција на базенот во Струга

  • Обновен објектот на опожарениот едриличарски клуб во Струга

    Обновен објектот на опожарениот едриличарски клуб во Струга

  • Стартуваше обуката за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини

    Стартуваше обуката за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини

  • Преку 100 играчи од 18 држави на Челенџ турнир во Скопје

    Преку 100 играчи од 18 држави на Челенџ турнир во Скопје

  • Прва обезбедена норма за Токио

    Прва обезбедена норма за Токио

Печати

Европско првенство во карате

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams k fed

Македонската карате репрезентација од Агенцијата за млади и спорт го најави својот настап на Европското карате првенство, кое од 28-31 март ќе се одржи во Гвадалахара, Шпанија.

На шампионатот ќе настапат 508 натпреварувачи од 50 европски земји.

Пуликсенија Јовановска и Фери Исиќ ќе настапат во кати, додека пак во борби списокот на натпреварувачи е пообемен, со оглед на тоа што освен во поединечна конкуренција, македонските репрезентативци ќе настапат и екипно.

Сара Радичевска, Симона Заборска, Наташа и Моника Стефановски, ќе ги придружат каратистите од машкиот тим.

На листата репрезентативци се нашите најтрофејни натпреварувачи предводени од актуелниот европски шампион и најдобар спортист на Македонија за 2018 година Емил Павлов, Медитеранскиот шампион Берат Јакупи и освојувачот на бронзен медал на медитеранските игри Жарко Арсовски.

Покрај нив се и Азис Исмаил, Петар Спасеновски и Доан Османи, како и најмладиот Фахик Весели, освојувачот на бронзениот медал на Младинските олимписки игри минатата година.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт им посака на каратистите успешен настап на претстојното првенство со надеж за освојување што поголем број на одличја, и претставување на нашата држава во вистинско светло.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија