Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Реконструкција на базенот во Струга

Реконструкција на базенот во Струга

Започна реконструкцијата на базенот во Струга, еден од најголемите проекти...

Обновен објектот на опожарениот едриличарски клуб во Струга

Обновен објектот на опожарениот едриличарски клуб во Струга

Денеска во 11.00 часот свечено се отвори објектот на едриличарскиот клуб...

Стартуваше обуката за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини

Стартуваше обуката за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини

Агенцијата за млади и спорт, започна со организација на обуки за развој на...

Преку 100 играчи од 18 држави на Челенџ турнир во Скопје

Преку 100 играчи од 18 држави на Челенџ турнир во Скопје

Нашата метропола е домаќин на уште еден настан од светски ранг, ИТТФ челенџ...

Прва обезбедена норма за Токио

Прва обезбедена норма за Токио

По повод освојувањето на бронзен медал на Светското првенство во борење и...

  • Реконструкција на базенот во Струга

    Реконструкција на базенот во Струга

  • Обновен објектот на опожарениот едриличарски клуб во Струга

    Обновен објектот на опожарениот едриличарски клуб во Струга

  • Стартуваше обуката за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини

    Стартуваше обуката за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини

  • Преку 100 играчи од 18 држави на Челенџ турнир во Скопје

    Преку 100 играчи од 18 држави на Челенџ турнир во Скопје

  • Прва обезбедена норма за Токио

    Прва обезбедена норма за Токио

Печати

Проектот “Запознај ја Преспа” со поддршка на АМС

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams p dk

Успешно завршен настанот Meet Prespa”,кој се одржа за прв пат годинава, а имаше за цел да ги зближи младите од регионот и да овозможи соработка во насока на креирање на  нови можности за развој и напредок на регионот.

Во рамките на настанот се одржа панел дискусија на тема: „Европски придобивки за регионот Преспа – искуства и можности“ каде свое учество земаа младински организации од Севрна Македонија, Грција и Албанија.

 ams prespa dk

Панелисти на настанот кои ги споделија своите размислувања со младите и присутните гости беа: Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, Михалис Петракос, советникот на градоначалникот на Општина Преспа, Лемос, Цвета Трајче, локален координатор на Агенцијата за заштита и резервација на природата во Албанија и Димитар Низамовски, извршен директор на Младинскиот образовен форум (МОФ).ams prespa 1

Манифестацијата опфати богата културно уметничка програма со голем број на музички групи од Северна Македонија, Грција и Албанија, како и веќе традиционалната велосипедска тура „Тур Де Галичица“.

ams prespa w2

Дел од настанот беше и акцијата за садење дрвја,  „Засадија својата иднина“како и еколошката акција за чистење на околината на Преспанското езеро во која учествуваа шеесетина млади од регионот како и амбасадорот на Франција, господинот Кристијан Тимоние, амбасадорот на Германија, господинот Томас Герберих, амбасадорот на Албанија, господинот Фатос Река и амбасадорката на Црна Гора, госпоѓа Марија Петровиќ.

ams prespa w3

Програмата за дружење и обединување на младите продолжи со концерт на кој настапија музичките групи „Нокаут“, „Бла, бла, бла“ и грчкиот регебенд „Anima Nation“, како и локалните групи „Инстинкт“, „Реприза“ и Екстраваганца“.

ams prespa w4

Проектот, кој за првпат се одржува во нашата држава, ја има поддршката од Агенцијата за млади и спорт (АМС) и е дел од активностите за кампањата „ЕУ затебе“. Како партнери на настанот се и фармата „Духот на Преспа“ и НВО „Преспа ГРАД“ и „Еко Герила Ресен“.  

 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија