Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Реконструкција на базенот во Струга

Реконструкција на базенот во Струга

Започна реконструкцијата на базенот во Струга, еден од најголемите проекти...

Обновен објектот на опожарениот едриличарски клуб во Струга

Обновен објектот на опожарениот едриличарски клуб во Струга

Денеска во 11.00 часот свечено се отвори објектот на едриличарскиот клуб...

Стартуваше обуката за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини

Стартуваше обуката за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини

Агенцијата за млади и спорт, започна со организација на обуки за развој на...

Преку 100 играчи од 18 држави на Челенџ турнир во Скопје

Преку 100 играчи од 18 држави на Челенџ турнир во Скопје

Нашата метропола е домаќин на уште еден настан од светски ранг, ИТТФ челенџ...

Прва обезбедена норма за Токио

Прва обезбедена норма за Токио

По повод освојувањето на бронзен медал на Светското првенство во борење и...

  • Реконструкција на базенот во Струга

    Реконструкција на базенот во Струга

  • Обновен објектот на опожарениот едриличарски клуб во Струга

    Обновен објектот на опожарениот едриличарски клуб во Струга

  • Стартуваше обуката за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини

    Стартуваше обуката за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини

  • Преку 100 играчи од 18 држави на Челенџ турнир во Скопје

    Преку 100 играчи од 18 држави на Челенџ турнир во Скопје

  • Прва обезбедена норма за Токио

    Прва обезбедена норма за Токио

Печати

„ФИС ролер ски куп Тоше Проески“

вклучено . Објавено во Соопштенија

skii

Од 22 до 25 август на патеката Кривогаштани-Крушево ќе се одржи четвртиот меѓународен „ФИС ролер ски куп Тоше Проески“. Организатори на настанот се Агенција за млади и спорт, Скијачката Федерација, Фондацијата Тоше Проески и клубот Олимпик Скии – Крушево, како и општините Крушево и Кривогаштани.

Агенцијата за млади и спорт заедно со Скијачката федерација на Македонија, за многу краток период успеаа да го издигнат ,,ФИС Ролер ски куп Тоше Проески” на ниво со останатите меѓународни манифестации во регионот. 

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски на пресот изјави дека потврда за тоа е што од година во година имаме се повеќе пријавени натпреварувачи и учесници, со што и оваа година ќе гледаме интересни трки на патеките на релација Кривогаштани-Крушево. 


- Земјите кои оваа година ќе земат учество преку своите претставници, покрај домаќинот Северна Македонија се Австрија, Хрватска, Грција,Словенија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција, Романија. Предноста за овие натпревари е дека се бодуваат исто како и зимските натпревари, така што на овие натпревари нашите натпреварувачи и сите учесници добиваат бодови за крајната ФИС листа и секако овие натпреварии влегуваат во оние квалификациски натпревари за бодување и пласман на зимските олимписки игри, - изјави Каевски.

Каевски потенцираше дека овој настан расте од година во година етаблирајќи се како манифестација од големо спортско значење, на исто рамниште со останатите меѓународни спортски манифестации
- Верувам дека овој спортски настан ќе расте од година во година, етаблирајќи се како манифестација од големо спортско значење, не само од аспект на спортските дисциплини кои како релативно нови, веќе го зацврстуваат своето место во меѓународните спортски манифестации и календари, туку и како манифестација што ќе не собира постојано овде во домот на нашиот Тоше, облагородувајќи не , крепејќи не, и потсетувајќи не, постојано, за бескрајното чудо на човечкиот талент и можности што така супериорно Тоше им ги подаруваше на сите нас, - потенцираше Каевски.

Во прилог ОВДЕ можете да ја видите програмата за „ФИС Ролер Ски Куп Тоше Проески“.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија