Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници

Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници"

  Музејот на град Скопје е местото каде денес беше отворена изложбата...

Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС

Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС" за 2019 година

Агенцијата за млади и спорт (АМС) по шести пат го реализира проектот за...

Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

Градот Скопје се приклучи на кампањата на Агенцијата за млади и спорт и...

Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија

Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, на покана на...

Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

Агенцијата  за млади и спорт продолжува со имплементацијата на...

  • Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници

    Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници"

  • Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС

    Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС" за 2019...

  • Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

    Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

  • Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија

    Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на...

  • Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

    Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

Печати

Државни спортски награди 8-ми септември

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres 8 s

Државната наградата “8 Септември”, со која се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот, беше најавена во Агенцијата за млади и спорт на прес конференција на која присуствуваше директорот на АМС Дарко Каевски и претседателот на одборот за награди Ленче Алексовска Величковска.

-Осми  септември 1991 година е длабоко врежан во меморијата на нашиот народ.

Симболот на независноста на нашата држава недвосмислено кореспондира со крајната цел на секој спортист, а тоа е победата. Денешниот празник е прослава на победата, а токму таа е мотив на спортистите и спортските работници, изјави Каевски.

Тој додаде дека државната награда за спорт “8 септември” претставува благодарност од страна на државата до сите оние кои преку спортот успеаа да ја промовираат Северна Македонија и да постигнат високи резултати на меѓународно поле во име на државата, изјави Каевски.

-Сакам оваа можност да ја искористам и да упатам благодарност до претседателката и до членовите на  одборот за доделување на државната награда и да ве поканам на свечената промоција на доделувањето, кое ќе се случи во собранието на Северна Македонија во недела 8 септември со почеток во 11.00 часот, додаде Каевски.

- Оваа година одборот за награди немаше воопшто лесна задача, во одлуката за доделување на петте награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Република Северна Македонија на меѓународен план, изјави Алексовска-Величковска.

Таа додаде дека наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот оваа година е во рацете на претседателот на карате федерацијата Драган Стојановски, додека пак  четирите награди „8 Септември” со кои се оддава признание на тренери, спортисти и спортски работници за остварувања во областа на спортот ќе се доделат на: Кочо Димитровски, Томе Коцев, Слободан Николиќ и Атанас Николовски. 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија