Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници

Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници"

  Музејот на град Скопје е местото каде денес беше отворена изложбата...

Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС

Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС" за 2019 година

Агенцијата за млади и спорт (АМС) по шести пат го реализира проектот за...

Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

Градот Скопје се приклучи на кампањата на Агенцијата за млади и спорт и...

Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија

Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, на покана на...

Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

Агенцијата  за млади и спорт продолжува со имплементацијата на...

  • Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници

    Доделени наградите за најдобри млади уметници од проектот „Млади уметници"

  • Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС

    Доделени наградите за најдобрите млади поети од „Kонкурсот на АМС" за 2019...

  • Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

    Продолжува кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“

  • Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија

    Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на...

  • Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

    Продолжува проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’

Печати

Усвоен предлог Закон за младинско учество и младински политики

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk zakon za mladi

Собранието го усвои предлог законот за младинско учество и младински политики.

За прв пат во нашата држава имаме закон за млади, со кој се третираат нерегулираните прашања од областа на младите.

Ова законско решение беше креирано со вклученост на сите засегнати страни, кои беа дел од целиот процес од самиот почеток.

-Со овој закон за прв пат се дефинира категоријата млади во државата, се дефиниратт формите на младинско учество и претставување, регистарот на форми на младинско организирање, младинското учество, политиките и сервисите за млади.

Законот обезбедува широк, инклузивен и сеопфатен пристап за младинското учество и младински политики и има за цел зајакнување на учеството на младите во процесот на креирање на политики за млади, активно информирање, промоција и заштита на интересите на младите, како и зајакнување на свеста за важноста на младите и нивната општествена улога, истакна Каевски

Законот предвидува и поттикнување на волонтерството, младинските работи и младински активизам, поттикнување на личен, социјален и професионален развој на младите, поттикнување и градење култура на заедничка работа помеѓу младите и институциите.

Законот предвидува и изработка на нова 5 годишна Национална стратегија за млади која ја изработува Агенцијата за млади и спорт, а ја донесува Владата.

Општините и градот Скопје се обврзани да формираат канцеларии за млади издвојувајќи 0,1 и 0,3% од своите буџети, а регистарот ќе го води Агенцијата за млади и спорт.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија