Печати

Претставници на Комбат Самбо федерација во АМС

Напишано од administrator вклучено . Објавено во Соопштенија

ams sambo

Од 4-8 ноември 2020 година во Нови Сад се одржа Свестко првенство за Јуниори и Сениори во Спорт и Комбат Самбо, на кое зема учество и нашата репрезентација со шест натпреварувачи, во јуниорска и сениорска конкуренција. 

ams sambo

Од 4-8 ноември 2020 година во Нови Сад се одржа Свестко првенство за Јуниори и Сениори во Спорт и Комбат Самбо, на кое зема учество и нашата репрезентација со шест натпреварувачи, во јуниорска и сениорска конкуренција.Нашата репрезентација постигна солидни резултати,:едно 5-то и две 7-ми места.

По тој повод претставници од федерацијата беа на прием во Агенцијата за млади и спорт, каде ги презентираа остварувањата од Нови Сад, но и плановите за организација на меѓународни натпревари на наше тло.

Имено, Бобан Данов го освои 5-то место во Комбат Самбо во категоријата +100 кг. и е најдобар резултат до сега на Светските првенства за сениори,  додека Маја Бобан во во категоријата 68 кг. и Омар Факиќ +87 кг. кај јуниорите го освоија 7-то место. На 5 и 6  ноември се одржаа конгреси на Светската и Европската федерација на кое зема учество и нашата федерација и делегат на конгресот беше Претседателот на Федерацијата Г-динот. Ердал Факиќ, на кое Светската и Европската Федерација им додели на нашата држава да биде домаќин на Светско првенство за кадети во 2022 и Европско првенство за Јуниори во 2023 година во Скопје.