Отворен новиот центар за млади и невладини организации во општина Гази Баба
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски денеска (01.11.2012) присуствуваше на официјалното отворање на Центарот за млади и невладини организации во оштина Гази Баба .
На настанот присуствуваше и Градоначалникот на о.Гази Баба, Тони Трајковски, претставници на локалната заедница, невладините организации и бизнис секторот.
Новиот центар наменет за млади и невладини организации (воедно и новото седиште на Младинфо ) и истиот претставува одлично место за размена на информации наменети за младите, младинското организирање, можностите за работа и студирање , но и за други можности и информации наменети за младите и младинските организации.
