Финансиска поддршка за здруженија и фондации
По одобрените финансиски средства за поддршка на невладините организации за реализација на проекти од областа на младите, Агенцијата за млади и спорт објави вонреден Оглас за финансиска поддршка на здруженија со број 12-1752/2 од 27.11.2020 година
На вонредниот оглас пристигнаа 50 апликации од страна на невладините организации.
Согласно Правилникот за определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за поддршка на проекти од областа на младите, комисијата ги разгледа апликациите и достави извештај до директорот на Агенцијата за млади и спорт. Висината на финансиската помош е 1 600 000 денари распределени на десет здруженија чии апликации ги исполнија условите наведени во правилникот.
На листата на здруженија кои остварија право на финансиска помош се :
- Здужение на правници ЛЕГАЛ ТИНК Штип
- Студентски Парламент на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
- Иницијатива за граѓански интеграции ИГИ Гостивар
- Здружение за личен раст и развој и психоедукација Мој Психолог- Скопје
- Здружение МЛАДИНСКА КОМОРА Битола
- НВО МИЛЕНИУМ
- Мозаик- Меик Скопје
- Урбано Општество
- Денсерс Јунајтед
- Извиднички Поречански одред Крсте Јон Струга