Уште еден чекор поблиску до Токио
Агенцијата за млади и спорт го слави бронзениот медал на најдобриот во македонското карате, кандидатот за ОИ во Токио, Емил Павлов.
Емил Павлов освои бронзен медал на К1 Премиер лигата во Истанбул, Турција откако го совлада казакстанецот Каисар Албисбаир со 4:1.
Оваа победа и освоениот бронзен медал за нашиот најдобар каратист се голем поттик за уште поголема самодоверба пред Европското првенство во Пореч и квалификацискиот турнир во Париз, во борба за олимписка норма за ЛОИ во Токио.
Премиер лигата во Истанбул се бодува за олимписката листа на WKF и беше прво големо натпреварување по една година пауза во каратето, а настапија вкупно 584 каратисти од 72 земји.