ОГЛАС
-
Агенцијата за млади и спорт објавува оглас за прибирање понуди за набавка/закуп на деловна просторија за Национална канцеларија за младинска соработка во Скопје – претставништво на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан.
Задолжителни податоци кој ги содржи огласот :
Назив и седиште на државниот орган кој ја врши набавката:АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ со седиште на ул „ Македонија“ бр.38 Палата „Панко Брашнаров“, 1000 Скопје. - предмет на набавката:Закуп на деловна просторија за Национална канцеларија за младинска соработка во Скопје – претставништво на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан.
- проценета вредност на набавката: 58.333.33 денари со вклучен ДДВ на месечна основа.
- начин на плаќање:на месечни рати.
- рок за поднесување на понуди:Рокот за поднесување на понуди е 10 (десет) дена од денот на објавување на огласот.
- начин на поднесување на понуди :
- Понудувачот го приложува оригиналниот примерок на понудата со целокупната документација во затворен коверт кој:
- е адресиран со точна адреса на државниот орган;
- во горниот лев агол стои „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот зајавното отворање на понудите;
- во горниот десен агол се наведува предметот на огласот за доделување на договорот;
- во долниот десен агол се наведува: ИмеПрезимеи адреса или Назив и Седиште на правно лице -Понудувач.
- Ако ковертот не е затворен и обележан како што се бара, државниот орган не презема одговорност за негово ненавремено и некомплетно пристигнување во архивата или за предвремено отворање на понудата.
- Ковертот со понудата и придружната документација се доставува по пошта или директно во архивата на Агенцијата за млади и спорт.
- По истекот на рокот за поднесување на понуди, Комисијата во рок од 3 (три) работни дена доставува известување до подносителите на понудите за времето и местото на јавното отворање на понудите.
- адреса на која се доставуваат понудите:ул „Македонија“ бр.38 Палата „Панко Брашнаров“, 1000 Скопје (архива на Агенција за млади и спорт).
- јазик на кој се доставуваат понудите: Македонски јазик
- сопственичка документација за недвижната ствар предмет на понудата:Понудувачот заедно со понудата задолжително доставува имотен лист не постар од 1 (еден) месец изваден од Агенцијата за катастар на недвижности за сопственоста на недвижноста.
- Понудата содржи:ИмеПрезимеи адреса или Назив и Седиште на правно лице –Понудувач, кратко објаснување за понудените параметри кој ги содржи недвижноста а кој се побаруваат со овој оглас, локациска поставеност на недвижноста и цена за закупот на деловната просторија на месечна основа.
Деловната просторија за Национална канцеларија за младинска соработка во Скопје – претставништво на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан потребно е да ги содржи следниве параметри:
- да има површина од 60 м2,
- просторот да располага со санитарен чвор,
- да има пристап до сите комунални услуги,
- да се наоѓа во централното градско подрачје,
- да е лесно достапен и воочлив,
- доколку се наога во стамбена зграда истиот да не е на повисоко од втори кат.
Имајки предвид дека реализација на проектот е повеќегодишна укажуваме дека договорот ќе се склучи на 2 (две) години со можност за продолжување.
Со почит,
Комисија за недвижни ствари