Изградбата на базен во Ѓорче Петров
Денеска во општина Ѓорче Петров, директорот на АМС Наумче Мојсовски заедно со градоначалникот Александар Наумовски, изврши увид во градежните работи на базенот во Ѓорче Петров.
Изградбата се движи со одлична динамика и се очекува базенот да биде пуштен во употреба до крајот на годината.
Со вакви современи капитални проекти градени по светски стандарди допринесуваме дополнителнo да ги мотивираме младите да почнат да се занимаваат со спорт.
АМС продолжува со посветена работа во креирањето услови за унапредување на спортот и поттикнување на спортскиот дух кај младите генерации.