Работна средба со директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски денес имаше работна средба со директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски и советникот за млади на Премиерот Заев, Ѓорги Тасев.
Директорот Мојсовски ги презентираше проектите и политиките кои ги имплементира Агенцијата со цел подобрување на позициите на младите и нивното учество.
Агенцијата за млади и спорт и Националната агенција се партнери кои продолжуваат интензивно да работат на промоција на младинските вредности, функционалноста и дигитализацијата на Европската младинска картичка, како една од алатките преку која младите ќе можат да ползуваат многу бенефиции што токму таа ги овозможува.
Покрај ова, заедничка е констатацијата за развивање и имплементирање на заеднички активности и проекти со кои ќе се унапредат мобилноста, вештините и младинските состојби.
На средбата беше истакната потребата од интензивирање на комуникацијата меѓу институциите и унапредување на позицијата на младите.