Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Вклучете се во „Европската недела на спорт”

Вклучете се во „Европската недела на спорт”

„Европска недела на спортот” е проект на Европска Унија, во...

Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

Поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на...

Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

Агенцијата за млади и спорт во делот на активности за млади, како и секоја...

Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

Од 24-30 мај во Лимасол, Кипар ќе се одржи Европско првенство во Самбо...

Каратистите на Европско во Пореч

Каратистите на Европско во Пореч

Сениорската карате репрезентација ќе учествува на Европско карате првенство...

  • Вклучете се во „Европската недела на спорт”

    Вклучете се во „Европската недела на спорт”

  • Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

    Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

  • Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

    Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

  • Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

    Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

  • Каратистите на Европско во Пореч

    Каратистите на Европско во Пореч

Печати

Каратистите на Европско во Пореч

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres k 2

Сениорската карате репрезентација ќе учествува на Европско карате првенство кое од 19-23.05 ќе се одржи во Пореч, Хрватска. По тој повод Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција, на која покрај директорот Наумче Мојсовски присуствуваа челниците на карате федерацијата, селекторите Сашко Арсовски и Стојан Андриевски и нашите најдобри каратисти.
Мојсовски истакна дека одличната соработка со федерацијата продолжува и дека токму нашите претставници во индивидуалните спортови и покрај ригорозните мерки за тренинг и натпревари во изминатиов ковид период не престанаа да нижат одлични резултати.
На прес конференцијата свои излагања имаа селекторите во кати и борби, како и нашите најдобри каратисти, оние од кои се очекува медал, Емил Павлов и Поликсенија Јовановска.
Сите ја изразија својата максимална подготвеност и желба од Пореч да се вратат со медал. Македонските претставници во борби се Емил Павлов -60 кг, Давид Петков -67 кг, Доан Османи -75 кг, Петар Спасеновски -84 кг, Вегим Мурати 84+ кг, од кои поголемиот дел ќе настапат и во тимска борба. Кај дамите наши претставници ќе бидат: Сара Радичевска -50 кг, Симона Заборска -55 кг, Моника Пендаровска -61 кг, Ангела Мојсовска -68 кг и Симона Симовска 68+ кг, на кои во тимски настап ќе им се придружи Бојана Манева. Наши претставници во кати се: Александар Неделковски и Пулексенија Јованоска во поединечна конкуренција, а во ката тимот ќе настапат: Давид Спасовски, Александар Спасовски и Кристијан Бајовски.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија