Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Вклучете се во „Европската недела на спорт”

Вклучете се во „Европската недела на спорт”

„Европска недела на спортот” е проект на Европска Унија, во...

Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

Поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на...

Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

Агенцијата за млади и спорт во делот на активности за млади, како и секоја...

Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

Од 24-30 мај во Лимасол, Кипар ќе се одржи Европско првенство во Самбо...

Каратистите на Европско во Пореч

Каратистите на Европско во Пореч

Сениорската карате репрезентација ќе учествува на Европско карате првенство...

  • Вклучете се во „Европската недела на спорт”

    Вклучете се во „Европската недела на спорт”

  • Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

    Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

  • Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

    Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

  • Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

    Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

  • Каратистите на Европско во Пореч

    Каратистите на Европско во Пореч

Печати

Прием по освојувањето на ФИБА „Челенџер“ турнирот во Тбилиси

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams trofej

По успешната мисија на македонската женска кадетска кошаркарска репрезентација (У16) на ФИБА „Челенџер“ турнирот кој се одржа во Тбилиси, Агенцијата за млади и спорт организираше прием за дел од тренерскиот и играчкиот тим.

Четири максимални победи за избраничките на селекторот Никола Златев на „балонот“ во главниот град на Грузија беа доволни за освојување на трофејот на македонските кошаркарки.

-Вашето остварување е показател дека имаме квалитет во младинските категории, истакна Наумче Мојсовски.

Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт ќе направи напори, со добра соработка со националните спортски федерации се овозможи овие млади категории да бидат дел од сениорските тимови и иднината на македонскиот спорт.

Селекторот Златев потенцираше дека со оглед на фактот колку мала нација сме и колку е тесен изборот, девојките покажаа дека кога се игра со срце, успехот не изостанува.

Тој изрази загриженост за фактот дека ова е возраста во која девојките во спортот најчесто се откажуваат и дека со заеднички напор и соработка со сите клубови, национални спортски федерација и секако Агенцијата за млади и спорт треба да се обидеме да ги задржиме овие спортски таленти и со правилна работа да се обидеме да ги мотивираме во понатамошното спортување и од нив да направиме квалитетни сениорки.

На приемот свое обраќање имаа и Љубица Бошкова и Марија Николов, претставнички на тимот, како и тренерот на селекцијата Ведран Велешковски, кои го искажаа своето задоволство од организацијата и условите пред и за време на гостувањето во Грузија.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија