Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Скопје трча

Скопје трча

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Јавен повик за доделување награди за Млади талентирани лица

Јавен повик за доделување награди за Млади талентирани лица

Агенцијата за млади и спорт, следејќи ги младинските трендови,...

Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници  од Проектите за млади на Агенцијата за млади и спорт

Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници од Проектите за млади на Агенцијата за млади и спорт

Агенцијата за млади и спорт, следејќи ги младинските трендови, петти пат по...

Европска недела на спортот во Македонија

Европска недела на спортот во Македонија

По повод започнувањето на најголемиот спортски настан во Европа –...

Македонија домаќин на состанокот на Регионалната анти-допинг организација

Македонија домаќин на состанокот на Регионалната анти-допинг организација

Агенцијата за млади и спорт во периодот од 5-8 септември e домаќин на...

  • Скопје трча

    Скопје трча

  • Јавен повик за доделување награди за Млади талентирани лица

    Јавен повик за доделување награди за Млади талентирани лица

  • Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници  од Проектите за млади на Агенцијата за млади и спорт

    Објавени Конкурсот за млади поети и Конкурсот за млади уметници од Проектите...

  • Европска недела на спортот во Македонија

    Европска недела на спортот во Македонија

  • Македонија домаќин на состанокот на Регионалната анти-допинг организација

    Македонија домаќин на состанокот на Регионалната анти-допинг организација

Печати

Прием на женската ракометна репрезентација

вклучено . Објавено во Соопштенија

 Денеска, (13.12.2012 година), во 11 часот и 15 минути во просториите на Агенцијата за млади и спорт, се одржа прием на националниот женски ракометен тим. На приемот, директорот на Агенцијата за млади и спорт г-динот Лазар Поповски упати срдечни честитки до националниот женски ракометен тим за заложбата која ја даде во рамки на Европското првенство во Србија.

„Секако дека носителите на таквите заложби, спортистите, но и стручниот тим и, неодминливо, Ракометната федерација на Македонија, ја имаа честа да бидат оние кои на најмладите генерации спортисти од нашата земја, оние кои на европските и светски борилишта треба да го бранат македонскиот дигнитет, како што тоа го чинат споменатите македонски претставници на националниот женски ракометен тим, ќе им го пренесат чувството за значај и вредност на борбата за спортски пиедестал во насока на афирмација на Република Македонија, што за нив треба да претставува мотив сам по себе“ истакна директорот м-р Лазар Поповски.

На истиот, свое обраќање имаше и генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија г-динот Марјан Начевски кој и покрај неисполнетите очекувања од постигнатото на ова Европско првенство ја изрази својата доверба и оптимизам кон овој состав за успеси на следните свои настапи.

Свое обраќање имаa и спортскиот директор г-ѓата Гордана Нацева Бошевска како и капитенот на националниот тим г-цата Тања Андрејева кои, пред се, срдечно се заблагодарија на Агенцијата за млади и спорт за поддршката во изминатиот период.

 

   

 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија