Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Вклучете се во „Европската недела на спорт”

Вклучете се во „Европската недела на спорт”

„Европска недела на спортот” е проект на Европска Унија, во...

Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

Поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на...

Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

Агенцијата за млади и спорт во делот на активности за млади, како и секоја...

Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

Од 24-30 мај во Лимасол, Кипар ќе се одржи Европско првенство во Самбо...

Каратистите на Европско во Пореч

Каратистите на Европско во Пореч

Сениорската карате репрезентација ќе учествува на Европско карате првенство...

  • Вклучете се во „Европската недела на спорт”

    Вклучете се во „Европската недела на спорт”

  • Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

    Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

  • Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

    Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

  • Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

    Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

  • Каратистите на Европско во Пореч

    Каратистите на Европско во Пореч

Печати

Нова спортска сала за УКИМ

вклучено . Објавено во Соопштенија

На универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кај комплексот факултети денеска почна изградбата на нова спортска сала, со капацитет од 1.100 гледачи и под трибински простор, кој ќе биде искористен за теретана и фитнес.

Вредноста на проектот е околу 154 милиони денари или приближно 2,5 милиони евра, средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија и е дел од проектот на Владата за изградба на 35 спортски сали преку Агенцијата за млади и спорт.

На поставувањето на камен темелникот присуствуваа премиерот Никола Груевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски и ректорот на УКИМ Велимир Стојковски.

Спортска сала, според Груевски, ќе биде приспособена да се користи за кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, пинг-понг, гимнастика, боречки спортови и сите останати дисциплини поврзани со физичкото образование и спортот на студентите, вклучувајќи и активнсоти од културен карактер.

- Ќе ги задоволи потребите на сите студенти кои без разлика на студиите што ги изучуваат заслужуваат простор во кој ќе спортуваат и ќе се рекреираат, рече премиерот, додавајќи дека мулти функционалната салата треба да биде готова најмногу за две години.

Изградбата на овој, како што рече, голем капитален спортски објект е од големо значење за УКИМ, со што ќе се надмине еден голем децениски проблем на Универзитетот.


- Ова е време кога во Македонија се градат спортски сали и други спортски објекти секаде каде што е потребно и неопходно. Во сите градови, училишта, универзитети каде што постоеше можност и потреба да се изгради спортска сала е изградена, во тек е на градење или во наредните години ќе се гради, подвлече Груевски.

Во рамкии на УКИМ, со средства од Владата изградена е спортската сала на Факултетот за физичка култура, каде е предвидена изградба на уште една.

Со изградбата на салата, како што истакна Пујовски, непречено и во иделани услови студентите и универзитетските тимови, ќе ги одржуваат своите тренинзи, но и ќе имаат можност да бидат горди домаќини на гостински екипи од странство.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија