Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направи увид во...

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Мојсовски се сретна со нашиот...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

Избрани се најдобрите од конкурсот "Млади уметници" во две возрасни...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја...

  • Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

    Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

  • Кошаркарско игралиште во Аеродром

    Кошаркарско игралиште во Аеродром

  • Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

    Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

Печати

Прием на кинеска делегација

вклучено . Објавено во Соопштенија

На ден 03.07.2012, во просториите на Агенцијата за млади и спорт, директорот Лазар Поповски организираше прием за кинеска делегација во состав:

1. Mr. Feng Jianzhong – General Administration of Sport of China
- Vice Minister – протоколарно меѓунароно ниво
- Vice President of the Chinese Olympic Committee
2. Mr. ShengZhiguo – Sport for All Department
- Director General
3. Mr. Chu Bo – National Olympic Sport Center (GASC)
- Director General
4. Mr. Li Qiang – Service Center of GASC
- Director General
5. Mr. Song Kai
- Deputy Director General, Sport Administration of Liaoning Province
6. Mrs. Song Xueying
- Deputy Director, International Relation Division GASC
- Deputy Director, Secretariat of the Chinese Olympic Committee

Средбата се одржа врз основа на заемната соработка и размена на искуства помеѓу двете држави. Воедно од заедничката соработка,во текот на 2007 година се потпиша Меморандумот за разбирање во областа на спортот помеѓу Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и Генералната администрација за спорт на Народна Република Кина.

На денешната средба, од страна на директорот Поповски, беше истакнато дека Агенцијата за млади и спорт работи максимално посветено и ја посочи Република Македонија како една од државите во југоисточна Европа која може да се пофали со голем број инвестиции во спортот.

Директорот Поповски го презентираше храмот на македонскиот спорт СЦ “Борис Трајковски”, а фудбалската арена “Филип II Македонски” ја претстави како една од најубавите фудбалски арени во овој регион.

Во своето обраќање, Директорот Поповски се осврна на започнувањето на проектот “Спортска академија” од каде се очекува да излезат голем број идни македонски репрезентативци и на петгодишната Програма за развој на спортот, која ќе претставува основа за понатамошно развивање на спортот во Македонија.
Од страна на Кинеската делегација, заменик министерот на генералната администрација за спорт и заменик претседател на Кинескиот Олимписки Комитет, господинот Фенг Јианжонг упати големи пофалби за младиот и успешен тим на Агенцијата за млади и спорт.Истакна дека му претставува голема чест што е во Република Македонија држава со голема историја и многу убавини.

Од оваа посета,очекува да се продлабочи пријателството и соработката помеѓу двете држави, во сите области особено во спортот.

Господинот Јианжонг, истакна дека ќе подарат и ќе донираат спортски реквизити и опрема во делот на бадминтонот и пинг-понгот. И со донацијата на оваа опрема,очекува исто како во НР Кина каде што бројот на спортистите и рекреативци постојано се зголемува, донацијата на оваа опрема да придонесе и овде во Република Македонија постојано да се зголемува бројот.

На крај на состанокот,господинот Јианжонг го покани раководстовото на Агенцијата за млади и спорт на возвратна посета во 2013 година, по повод 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи на двете држави.

По завршувањето на состанокот, гостите од НР Кина во присуство на директорот Поповски беа во обиколка и презентација на СЦ Борис Трајковски и на фудбалската арена Филип II Македонски. Воедно, кинеската делегација оствари средба со министерот за образование Панче Кралев и со претседателот на МОК, Васил Топурковски.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија