Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, му го честиташе...

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод 51-от...

Европска бронза за Емил Павлов

Европска бронза за Емил Павлов

Нашите каратисти имаа успешен настап на Европското првенство во карате, кое...

 Светската танцова елита во Скопје

Светската танцова елита во Скопје

Танцовата федерација во соработка со Агенцијата за млади и спорт и...

Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Европскиот шампионат во шах во поединечна конкуренција беше свечено пуштен...

  • Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

    Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

  • ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

    ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

  • Европска бронза за Емил Павлов

    Европска бронза за Емил Павлов

  •  Светската танцова елита во Скопје

    Светската танцова елита во Скопје

  • Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

    Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Печати

Прием на ориентациона делегација

вклучено . Објавено во Соопштенија

На Светското првенство во спортска ориентација кое од 11 до 23 јули ќе се одржи во швајцарскиот град Лозана, Македонија ќе биде претставена преку Ристе Киров.Натпреварите ќе се одржуваат во четири категории, а Киров ќе настапи во три дисциплини: Спринт (3 км.); Мидл (6 км.) и Лонг (17 км.) со можност да настапи и во штафетата доколку оформи тим со некој од другите натпреварувачи.

На СП минатата година во Франција, Киров од вкупно 450 натпреварувачи беше пласиран околу 300.та позиција. Во овој спорт натпреварувачите добиваат опрема која се состои од компас, мапа и чип за регистрација и на патеката треба да ги пронајдат однапред зададените места за што пократко време. Со спортската ориентација во Македонија се занимаваат екипи од Скопје, Прилеп, Штип, Струмица, Велес, Радовиш, Крушево, Неготино, Кавадарци, со тенденција и другите градови да се вклучат во натпреварувањето. Деновиве е најавено и регистрирање на Македонската ориентациска федерација со што спортот ќе добие професионален карактер.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски на денешната средба со претставници од федерацијата најави вклучување на овој двонаменски спорт во училиштата со цел да бидат опфатени што повеќе ученици, бидејќи занимавањето со спортска ориентација придонесува како за физичкиот, така и за психичкиот развој.Поповски беше информиран дека во Лозана, Македонија ќе упати апликација за организирање на Младинското европско првенство во 2014 година, а следен настап на македонските натпреварувачи на меѓународна сцена е учеството на Југоисточното Европско првенство во Анкара од 7 до 11 септември. Во Македонија во тек е Републичката лига во која се одржуваат 12.кола.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија