Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направи увид во...

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Мојсовски се сретна со нашиот...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

Избрани се најдобрите од конкурсот "Млади уметници" во две возрасни...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја...

  • Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

    Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

  • Кошаркарско игралиште во Аеродром

    Кошаркарско игралиште во Аеродром

  • Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

    Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

Печати

Прием на Randy Fund од страна на Лазар Поповски

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

На ден 24.4.2012, директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Лазар Поповски организираше прием за познатиот американски НБА тренер и менаџер Ренди Фанд со кој разговараа на тема ”Развој и напредок на македонската кошарка”.

Директорот Поповски во разговорот му ги презентираше успесите на македонската кошаркарска репрезентација со учество на три европски првенства и освоено четврто место на последното Европско првенство во кошарка. Покрај тоа директорот Поповски целосно го презентираше и го образложи проектот “Спортска академија” во кој се планира да се создаваат идни кошаркарски ѕвезди на Македонија.

Ренди Фанд се заблагодари за приемот во Агенцијата за млади и спорт и во својот говор исткана дека му претствува големо задоволство што е повторно во Македонија. Тој истакна дека Директорот Поповски има визија за развој на спортот во сите сфери на општеството и со него спортот оди во правилна насока, Фанд, додаде дека секогаш ќе стои на располагање за подршка на македонската кошарка зошто претставува предизвик да се работи со млади категории од овие простори и го посочи Владе Дивац како еден од примерите со кој работел во редовите на Лос Анџелес Лејкерс.

На крај, Директорот Поповски му се заблагодари за посетата на Република Македонија и му подари вино со ликот на Александар Македонски, а тренерот Ренди Фанд во знак благодарност му подари дрес од НБА кошаркарот Двејн Вејд.

Како дел од програмата за престојот на Ренди Фанд претставува денешното предавање од 18.30 часот во СЦ “Борис Трајковски”- конгресна сала, кое предавање ќе биде теоретски и ќе биде проектирано пред присутните на видео-бим со директни насоки и примери за организацијата на кошаркарските клубови и работа со млади категории.

Теми на предавањето:

1. Организација и работа на еден професионален кошаркарски клуб
2. Работа со млади категории во кошарката

Поканети да присуствуваат на овие предавања се сите тренери на младинските и сениорските кошаркарски клубови во Македонија, како и административците на клубовите, кои ќе имаат можност да ги усовршат организациските квалитети и да ги подигнат нашите клубови на повисоко ниво на функционирање. Влезот е бесплатен и поканата е за секој заинтересиран.

Ренди Фунд е поранешен помошник-тренер на Лос Анџелес Лејкерс под водство на Пат Рајли и Мајк Данливи, а воедно беше и прв тренер на Лос Анџелес Лејкерс во натпреварувачките сезони 1992/93 и 1993/94 година. Ренди Фунд беше генерален менаџер и на Мајами Хит со кој освоија шампионска титула во сезоната 2005/06.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија