Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Вклучете се во „Европската недела на спорт”

Вклучете се во „Европската недела на спорт”

„Европска недела на спортот” е проект на Европска Унија, во...

Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

Поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на...

Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

Агенцијата за млади и спорт во делот на активности за млади, како и секоја...

Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

Од 24-30 мај во Лимасол, Кипар ќе се одржи Европско првенство во Самбо...

Каратистите на Европско во Пореч

Каратистите на Европско во Пореч

Сениорската карате репрезентација ќе учествува на Европско карате првенство...

  • Вклучете се во „Европската недела на спорт”

    Вклучете се во „Европската недела на спорт”

  • Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

    Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

  • Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

    Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

  • Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

    Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

  • Каратистите на Европско во Пореч

    Каратистите на Европско во Пореч

Печати

Одбележани 20 години од првиот настап на ракометната репрезентација

вклучено . Објавено во Соопштенија

На 15 декември 1993 година машката ракометна репрезентација на Македонија го имаше првиот меѓународен настап, на турнирот „Трофеј Карпати“ во Орадеа, Романија со што беше означен почетокот на учество на македонската репрезентација како независна држава.

20-годишниот јубилеј денеска беше свечено одбележан од страна на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) која организираше средба на минати и сегашни репрезентативци, тренери, функционери на РФМ.

- Денеска сите заедно, играчите кои 20 години се бореа храбро за својата држава, раководствата на федерацијата кои даваа максимум и кои придонесоа ракометот од ден на ден се повеќе да расте. Исправени сме пред предизвикот за понатамошно градење на брендот, на имиџот на ракометната репрезентација на Македонија. Ние како федерација и натаму ќе даваме максимум овој спорт да биде вистински амбасадор на нашата држава, истакна претседателот на РФМ Живко Мукаетов во своето излагање на денешната свеченост.

РФМ по повод 20-годишнината им додели благодарници на репрезентативците од првиот состав на македонската селекција за нивниот придонес за развојот на овој спорт.

На свечената церемонија признанија во вид на плакети добија сите селектори кои биле предводници на „црвено-жолтите“.

Плакети им беа доделени и на сите претседатели на РФМ, како и на сите Генерални секретари.

Во овие 20 години, машката сениорска репрезентација настапуваше на ЕП 1998, СП 1999, СП 2009, ЕП 2012 и СП 2013. Највредниот резултат го постигна на ЕП 2012 година во Србија кога беше петтопласирана.

На првиот официјален натпревар Македонија загуби од Романија со 24:22. Состав на репрезентацијата на првиот официјален меч:

Голмани - Стефче Стефановски, Зоран Петковски, Димитар Богдановски.

Бекови - Драган Маринковиќ, Горан Шопов, Томче Петрески, Звонко Шундовски, Сречко Георгиевски, Емил Стојановски, Боро Чурлевски, Миле Нешковски.

Пивотмени - Орде Илиоски, Игор Котевски.

Крила - Тасевски, Тони Николовски, Стефче Алушовски.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија