Младинска конференција на тема: „ЕУ како потреба на македонската младина: долгорочно планирање на иднината”
Во организација на Македонски центар за евро-атлански интеграции Скопје, подржан од Агенција за млади и спорт и ФОН Универзитет
Место на реазлизација: ФОН Универзитет, бул. Војводина бб. Скопје
Четврток , 19.12.2013 година
Почеток: 10:00 часот
Целта на конференцијата е да се дебатира за иднината на младите во ЕУ или пак надвор од неа и запознавање на младите со можностите кои ЕУ ни ги нуди како земја-кандидат. Се надеваме дека преку дебата со различен профил на учесници ќе биде продискутирана и потребата младите луѓе себеси да се видат како активни чинители во македонското општество, така што иако земјите од Европската Унија нудат голем број на работни пракси и студентски размени, сепак најголемиот придонес тие можат да го постигнат во својата држава и своето општество.
Агенда
09:45 – Регистрација на присутните
10:00 – Отворање на конференцијата
• Ивана Китановска, претседател на Македонски центар за евро-атлански интеграции Скопје
• Зорица Стаменковска, Агенција за млади и спорт на Република Македонија
10:15 – Излагања на говорниците, сесија прва
1. Проф. д-р. Нано Ружин: Младите и европските перспективи
2. Проф. д-р. Назми Маличи: Регионална соработка на млади
3. проф. д-р. Мирко Трипуноски: Европски стандарди на образование
4. доц. д-р. Билјана Пулеска: Еразмус Повелба на ЕУ
11:30 – Пауза
12:00 – Излагања на говорниците, сесија втора
1. Милош Ристовски (Центар за интеркултурен дијалог)
2. Ивана Јордановска (Млади европски федералисти)
3. Зоран Дранговски (Клуб на млади дипломати)
• доделување сертификати од проектот Фабрика на знаење
13:00 – Панел дискусија и заклучоци од конференцијата
Модератор:
Зорица Ристовска, Македонски центар за евро-атлански интеграции Скопје








